Кампања „НЕ за селфи на воз-вреди да живееш“

Кампања „НЕ за селфи на воз-вреди да живееш“

Преку кампања „НЕ за селфи на воз – Вреди да живееш” МЖ Транспорт ад Скопје ќе ги едуци основците и средношколците во Скопје за ризиците од фотографирање на вагоните во депото на МЖ Транспорт, по неодамнешниот случај во кој од струен удар загина 15-годишно момче.

Кампањата почна денеска во државното средно училиште „Владо Тасевски“ каде на учениците им беа поделени и претставени флаери и видео презентации со пораки „спречи го твојот другар да се докажува“ и 25 KV = na 25.000 V или 5.000 пати повеќе за да го наполните вашиот мобилен телефон“. Подготвени се тимови кои ќе ги посетат сите основни и средни училишта во Скопје и ќе укажуваат на опасностите од електричната инсталација кај возовите.

– Ќе делуваме едукативно кон младите луѓе да го користат возот како превозно средство, а не за качување на крововите и правење фотографии. Имаме многу поубави места за фотографии во возот и во Македонија каде можеме да отидеме со воз, да излеземе надвор и да направиме фотографии, рече Игор Коруноски, директор на МЖ Транспорт.

Апелира до младите да бидат внимателни и одговорни, а родителите да им укажат дека вагоните и возовите во депоата на МЖ и во кругот на станичните места се места над кои поминува електрична мрежа под висок напон од 25.000 волти. Ризично е и може да биде фатално, како што нагласи, да се виде близу и на еден или еден и пол метар до инсталацијата.

– Ги правиме сите напори да ги информираме луѓето да не се движат во тој простор, кој за таа цел е ограден и се поставени табли дека е забрането движење. Исто така на вагоните се поставени табли на кои е означено место со висок напон, а и столбовите на кои е електричната инсталација има посебно посебни ознаки, наведе Коруноски.

ДСУ „Владо Тасевски“, според директорката Биљана Глигорова, задно со други институции води голема грижа да ја развие свеста кај сите граѓани за опасностите кои може да настанат од активности и невнимание од близината при патувањето или во самите возови.

Учениците од „Владо Тасевски“ со оглед на струките кои се изучуваат меѓу кои и железничката се запознаени со потребата од безбедноста и заштитата при работа и преку практична настава и ги знаат правилата за однесување околу возилата. Заедно со професорите можат да ги пренесат знаењата ако некој сака да се запознае со работата на шинските возила и опасностите и последиците кои можат да настанат, посочи Глигорова

Како што најави Коруноски, ако има потреба кампањата „НЕ за селфи на воз – Вреди да живееш” ќе се спроведе и во останатите градови.

Поврзани вести

Спасовски: Во наредниот период ќе отвориме повеќе ... Во рамките на редовните понеделнички средби во Централата на СДСМ вечерва се одржа средба на која гостуваа генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасов...
(ВИДЕО) Заев: Ги приближуваме ставовите околу ресо... „Разговараме за распределбата на политичките субјекти и граѓанскиот сектор од аспект на распределбата на ресорите. Ги приближуваме пополека ставовите....
Свечена академија на УКИМ по повод Денот на Кирил ... Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ вечерва, со свечена академија во Македонска опера и балет, го заокружи одбележувањето на 68-годишнината од основање...
(ВИДЕО) Касами по средбата со Заев: Интензивно пре... Лидерот на БЕСА, Билал Касами по средбата со лидерот на СДСМ, Зоран Заев рече дека интензивно преговараат за новата влада која ќе биде реформска. ...
Заев и Ахмети разговараа за распределбата на ресор... Новиот владин кабинет има потреба од одговорни и квалификувани кадри, заклучија денеска претседателите на СДСМ и на ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети, кои ...
ВИДЕО: Касами на средба со Заев... Лидерот на СДСМ, Зоран Заев во партиското седиште се сретна со лидерот на БЕСА, Билал Касами. Заев и Касами ќе зборуваат за составот на новата ...