Заев на средбата со Ромео: Демократските процеси мора да се одблокираат!

Заев на средбата со Ромео: Демократските процеси мора да се одблокираат!

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска се сретна со амбасадорот на Р.Италија во Р.Македонија, Карло Ромео.

На средбата е констатирана потребата од деблокада на демократските процеси во Македонија, во интерес на граѓаните и стабилноста и перспективите на државата.

-Македонија мора да оди напред. Парламентарното мнозинство ќе ги продолжи чекорите кон избор на нов собраниски претседател и избор на новата реформска Влада, според Уставот, Деловникот и законите во Република Македонија, соопшти претседателот Заев.

Нагласена е потребата од разумност за мирен трансфер на власта преку почитување на демократските принципи. Се разговараше и за ризиците од пролонгирање на деблокадата на демократските процеси.

Претседателот на СДСМ објасни дека од сегашната ситуација трпат граѓаните, кои се во `се поголема егзистенцијaлна криза, фирмите, кои веќе имаат проблеми со исплата на плати. Министрите во заминување можат да финкционираат само технички. Од средината на мај и на градоначалниците и советниците ќе им престане целосно мандатот.

-Нема да дозволиме последици на штета на граѓаните и на државата за лични криминални интереси на поединци. Мнозинството граѓани гласаа за промени, квалитетен живот за сите, правда, евро-атлантска иднина на Македонија. Постои легитимно парламентарно мнозинство од 67 пратеници поддржано од околу 700.000 граѓани. Постои Програма на новата реформска Влада на унитарна Македонија. Никој нема право да запре демократските промени, рече претседателот Заев, на средбата со италијанскиот амбасадор, Ромео.

Поврзани вести

Општина Кавадарци ќе ги обештети граѓаните кои пре... Општина Кавадарци ќе ги обесштети граѓаните кои претрпеа штети од невремето што го зафати овој крај во вторникот. Локалната самоуправа денеска ги пови...
Кочани домаќин на проектот „Вело Родео“... Здружението на граѓани „Еко Логик“ од Скопје во Основното училиште „Раде Кратовче“ во Кочани денеска го реализираше проектот насловен „Вело Родео“, ...
(ВИДЕО) Заев: Со ДУИ и Алијансата сме блиску до до... Мандаторот и лидер на СДСМ, Зоран Заев во изјава за Ал Џезеира Балканс рече дека се блиску до договор со ДУИ и Алијансата за Албанците, а со Движењето...
До сабота облачно и посвежо со повремен пороен дож... Од денеска до сабота претпладне, подрачјето на Македонија ќе биде под влијание на циклонска циркулација од Медитеранот. Ќе преовладува претежно облачн...
Студентите од Стоматолошки со писмо бараат Јанкуло... Студентите и специјализантите на Стоматолошкиот факултет – Скопје при УКИМ со потписи бараат да се почитува волјата на мнозинството професори, студент...
Пожар во Скопје, опожарени две бараки... Две бараки на улицата „Зендел Џемаил“ биле опожарени ноќеска. Во пожарот нема повредени, причинета е само материјална штета. - Едната барака е сопс...