За викендот постудено и ветровито

За викендот постудено и ветровито

Температурите утре ќе се спуштат за дополнителни два до три степени во однос на денешните, особено кон истокот на земјата. Според УХМР, утринските темпераратури утре ќе бидат во интервал од – 6 до 3 степени. Позначајно спуштање ќе се почуствува во Кривопаланечко, во Пелагонија и во пониските делови од скопската котлина.

Зголeмување на утринските температури се очекува од вторник кога насекаде ќе бидат над нулата.

Северниот ветер ќе продолжи да дува и за викендот, а повторно ќе засилува и тоа на север, по Повардарието и кон исток во недела. Во недела попладне ќе се зголемува облачноста и ќе има услови за слаб краткотраен дожд, а на планините од слаб снег преку ноќта. Дневните температури од недела брзо ќе се покачат и покрај повремените наоблачувања до крајот на следната работна недела, тие ќе се надминуваат 20 степени, пред се на југоистокот.

Поврзани вести

Општина Кавадарци ќе ги обештети граѓаните кои пре... Општина Кавадарци ќе ги обесштети граѓаните кои претрпеа штети од невремето што го зафати овој крај во вторникот. Локалната самоуправа денеска ги пови...
Кочани домаќин на проектот „Вело Родео“... Здружението на граѓани „Еко Логик“ од Скопје во Основното училиште „Раде Кратовче“ во Кочани денеска го реализираше проектот насловен „Вело Родео“, ...
(ВИДЕО) Заев: Со ДУИ и Алијансата сме блиску до до... Мандаторот и лидер на СДСМ, Зоран Заев во изјава за Ал Џезеира Балканс рече дека се блиску до договор со ДУИ и Алијансата за Албанците, а со Движењето...
До сабота облачно и посвежо со повремен пороен дож... Од денеска до сабота претпладне, подрачјето на Македонија ќе биде под влијание на циклонска циркулација од Медитеранот. Ќе преовладува претежно облачн...
Студентите од Стоматолошки со писмо бараат Јанкуло... Студентите и специјализантите на Стоматолошкиот факултет – Скопје при УКИМ со потписи бараат да се почитува волјата на мнозинството професори, студент...
Пожар во Скопје, опожарени две бараки... Две бараки на улицата „Зендел Џемаил“ биле опожарени ноќеска. Во пожарот нема повредени, причинета е само материјална штета. - Едната барака е сопс...