Ученик нападнал наставник во училиште во Симница

Ученик нападнал наставник во училиште во Симница

Петнаесетгодишен ученик физички нападнал и му нанел повреди на главата на наставник во основното училиште „Исмаил Ќемали“ во гостиварското село Симница.

СВР Тетово информира дека случајот го пријавил вработен во училиштетото вчера утрото околу 8 часот.

– Петнаесетгодишен ученик од ова училиште физички го нападнал наставникот Ш.К.(62) од ова село. На нападот му претходела куса вербална расправија поради тоа што ученикот одбивал да влезе во училницата. Малолетникот се нафрлил на наставникот и почнал да го удира со клоци и тупаници по главата и телото, нанесувајќи му видливи повреди на левата страна од главата, односно расекотина и оток на челото, изјави Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово.

Вработен во училиштето го спречил малолетникот, а повредениот наставник побарал медицинска помош.

По пријавувањето на случајот, ученикот во присуство на родител е повикан во полициската станица во Гостивар каде е разговарано со него и по целосното расчистување на сите поединости ќе се соочи со соодветен поднесок.

Поврзани вести

Променливо облачно, од пладне повремени врнежи од ... Времето во Македонија ќе биде променливо и од пладне ќе има повремени врнежи од дожд, особено во крајните западни и источни делови, на места проследен...
Ахмети предложи шест министри за новата Влада... Демократската унија за интеграција, вечерва на јавноста и ги презентираше нивните предлози за министри во новата влада. Интерно, партијата соопшти шес...
ВИДЕО: Граѓаните на протест пред „Про Кредит”, бан... Огномет од речиси 400 квадратни метри ги крена на нозе, жителите на Општина Карпош. И оваа година, како и минатата, „Про Кредит” банка дека ќе ја зага...
(ВИДЕО) Шекеринска: Да ги заборавиме овие кризни 1... Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска по реизборот порача дека пред нив стои остварлив предизвик граѓаните да ги заборават овие кризни 1...
Општински натпревар по прва помош во Крива Паланка... Шеесетина волонтери на општинската организација на Црвен крст, Крива Паланка учествуваа на денешниот општински натпревар по прва помош. Учесниците ...
ВИДЕО: Зоран Заев останува на кормилото на СДСМ... Зоран Заев е реизбран за претседател на СДСМ. Вака одлучија седумстотината делегати на редовниот 22 Конгрес на партијата. На функцијата заменик пр...