Почина поранешниот англиски репрезентативец Ехиогу

Почина поранешниот англиски репрезентативец Ехиогу

Поранешниот фудбалски репрезентативец на Англија, Уго Ехиогу почина во болница ден по срцевиот удар, соопшти денеска Тотенхем, клубот каде што работеше со младинскиот тим.

Ехиогу колабираше вчера на „Вајт Харт Лејн“ за време на тренингот по што беше префрлен веднаш во болница во Лондон, но лекарите не успеаја да му го спасат животот.

Поранешниот играч на ВБА, Астон Вила, Мидлзборо, Лидс, Ренџерс и Шефилд почина во 44-та година.

За англискиот национален тим одигра четири натпревари и даде еден гол, а последните три години беше дел од стручниот штаб на Тотенхем и го предводеше тимот до 23 години.

Поврзани вести

ЕП фудбал У-21: Барди во идеалниот тим на групната... Македонскиот репрезентативец Енис Барди, кој беше стрелец на два гола за Македонија на Европското првенство за играчи до 21 година во Полска, според д...
Куп на Конфедерации: Победа на Германија за прво м... Светскиот првак Германија со денешната победа над Камерун со 3:1 го освои првото место во групата Б на Купот на Конфедерации што се одржува во Русија....
ЕП фудбал У-21: Италија и Германија изборија полуф... Репрезентациите на Италија и на Германија ја комплетираа „четворката“ полуфиналисти на Европското првенство за фудбалери до 21 година што се одржува в...
Куп на Конфедерации: Победи на Мексико и Португали... Репрезентации на Мексико и на Португалија се пласираа во полуфиналето на Купот на Конфедерации што се одржува во Русија откако на натпреварите од 3. к...
Елмас: Оставивме добар впечаток... Фудбалската репрезентација на Македонија за играчи до 21 година денеска се врати од настапот на Европското првенство во Полска, каде одигра еден нереш...
Милевски: Играчите покажаа како треба да се игра з... Со натпреварот против Португалија, нашите фудбалери кои беа дел од ЕП во Полска до 21 година го завршија циклусот на натпревари во оваа возрасна катег...