Дачиќ: Албанците треба добро да ги одмерат своите зборови

Дачиќ: Албанците треба добро да ги одмерат своите зборови

Албанските политичари станаа закана за мирот и стабилноста на Балканот и Европа, оцени српскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ, коментирајќи ги изјавите за можно обединување на Албанија и Косово.

– Албанците би требало добро да ги одмерат своите зборови, бидејќи на меѓународната сцена веќе ги нема нивните заштитници, кои ја бомбардираа Србија, за да и го одземат Косово. Тоа нема да се повтори никогаш повеќе, рече Дачиќ.

Според Дачиќ, како што јави Танјуг, „координиратите изјави“ на албанскиот премиер Еди Рама, косовскиот претседател Хашим Тачи и претстедателот на Националниот совет на албанското малцинство во Србија, Јонуз Муслиу, покажуаат дека „Голема Албанија е цел на сите Албанци“. – Муслиу кон неа го придодаде и Ниш, а утре ќе ги додаде и Скопје и Улцињ и Епир, нагласи Дачиќ.

Тој истакна дека Србија не провоцира никого, но исто така и не стравува од никого.

Дачиќ праша дали ЕУ, САД и Велика Британија ќе реагираат на ваквата ситуација. – Доколку не го сторат тоа сега, кога Голема Албанија ќе стигне до Ниш ќе бидат директно одговорни за последиците, предупреди тој.

– Она за што зборуваат албанските политичари за среќа е само мечта. Но, искуството не учи колку е кус патот од мечтата до кошмарот, додаде српскиот министер за надворешни работи.

Муслиу, кој е и градоначалник на општина Бујановац, вчера изјави дека официјална Тирана „ја има неговата целосна поддршка за обединување на Албанија и Косово, доколку не бидат примени во ЕУ, но не и без Прешево“.

Тој смета дека „без Ниш нема да има Голема Албанија“ и додаде дека Хашим Тачи и Еди Рама имаат морална должност во тоа „обединување“ да го вклучат и реонот на Прешево, Медвеѓа и Бујановац, кој го нарече „источно Косово“, бидејќи во спротивно ќе извршат „национално предавство“.

– Без Ниш тоа нема да биде Голема Албанија и Србија треба дури да ни биде благодарна дека Албанците сакаат обединување само на Албанија, Косово и Прешевската Долина, додаде градоначалникот на Бујановац.

Поврзани вести

Во Турција приведени дваесет лица осомничени за по... Дваесет лица, меѓу кои и жени, се приведени денеска во операција во Конја и уште шест окрузи на Турција против лица, осомничени за врски со организаци...
Грчката Влада одобри 180.000 евра помош за Китира... Грчката Влада соопшти дека доделува 180.000 евра итна помош за островот Китира, кој месецов беше зафатен со разурнувачки шумски пожар. Помошта ја о...
Остра порака на грчкиот претседател кон Анкара... Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос упати остра порака кон Турција во врска со изјавата дадена вчера од нејзиниот шеф на дипломатија Мевљут Чавушо...
Наредба за апсење на 70 поранешни службеници во Ми... Турските власти издадоа наредба за апсење на 70 поранешни вработени во Министерството за финансии поради осомниченост за врски со обидот за преврат од...
Грчката Влада објави мерки за санирање на штетите ... Владата во Атина објави мерки за надминување на загубите од катастрофалните пожари во земјата, јавија грчки медиуми. Мерките, усвоени на седница на...
Вучиќ треба да се сретне со Доналд Трамп до крајот... Претседателот на Србија Александар Вучиќ треба да се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп до крајот на годината, пишува српскиот весник „Б...