Францускиот печат за нападот на Шанзелизе: Заканата е постојана

Францускиот печат за нападот на Шанзелизе: Заканата е постојана

Француските дневни весници во утринските изданија се осврнуваат на синоќешниот терористички напад во центарот на Париз, во кој загина еден полицаец, а за кој одговрност презеде групата Исламската држава, јави дописникот на МИА од главниот град на Франција.

„Тероризам повторно во центарот на Париз“, наведува „Фигаро“, нагласувајќи дека „безбедносните сили платиле висока цена од 2012 година“, започнувајќи со нападите на Мохамед Мера. – Здивот на тероризмот посеа смрт во четвртокот ноќта во многу симболичниот кварт Шанзелизе. Варварство повторно го погоди главниот град во срцето, пишува весникот.

Со слична констатација излегува и „Паризиен“. – Полицајците се цели. Како војниците. Како свештениците. Како Евреите. Како дизајнерите, новинарите… децата на шетлиштето (во Ница), жените, терасите и млади луѓе на концерти, наведува весникот, додавајќи дека „во реалноста заканата е постојана и универзална: Овие луѓе не се ништо друго туку убијци“,

„По Лувр и Орли, сега и Шанзелизе“, оценува „Суд-Уест“. – Секој знае дека не постои нулта ризик. И дека најдобар одговор за терористите и џихадистите и од сите видови, се уште и секогаш е националното единство, тврди весникот.

– Дистилираат страв за да видат како се инсталира омраза – и обратно – тоа е целта, смета „Журнал де ла От Марн“. – Ако не успееме да се навикнеме на овие терористички напади, едно мора да имаме на ум дека тие можат да се случат во секое време, додава весникот.

– Насилството – кое јасно го носи потписот на тероризмот – беше покажано синоќа во вестите… на симболично место познато на сите и на само неколку часа пред претседателските избори, смета „Ла Депеш ди Миди“.

Три дена пред првиот круг од претседателските избори „смртта на еден полицаец по престрелка на Шанзелизе одеднаш го соочи говорот на кандидатите со реалноста за тероризмот што и се заканува на Франција и Европа, оценува „Ла Либре Шарант“.

Поврзани вести

Во судири меѓу либиските милиции загинаа 78 лица, ... Во вчерашните судири меѓу либиските милиции во Триполи најмалку 78 лица загинаа и над 1.000 се повредени, соопштија денеска локалните здравствени влас...
Макрон го повика Трамп да него напушта Парискиот д... По завршувањето на самитот на Г-7 во Таормина, францускиот претседател Емануел Макрон, најде избрани зборови за Доналд Трамп, и покрај тоа што америка...
Бела куќа: Трамп останува посветен на принципот за... Американскиот претседател, Доналд Трамп, останува ангажиран во почитувањето на член 5 од Договора за НАТО, денеска пред медиумите изјави советникот за...
Ирачката полиција им забрани на жените од Мосул да... Полицијата во ирачкиот град Мосул денеска на жените од градот им забрани да носат „никаб“, покривката за целото лице на жената, и тоа во реоните ослоб...
„Шпигел“: Германија уште две недели ќе почека на п... Германската Влада му дала рок на турското раководство за две недели да ја смени својата позиција и да дозволи германските пратеници да допатуваат во а...
Ребусот со воената база на САД во Суда на островот... Катимерини - Атина За Грција базата на САД во заливот Суда на островот Крит е еден многу важен геополитички момент. За среќа, грчките политичари...