Албанската Изборна комисија не го продолжува рокот за поднесување кандидатури

Албанската Изборна комисија не го продолжува рокот за поднесување кандидатури

Албанската централна изборна комисија (ЦИК) нема да го продолжи рокот за пријавување за престојните јунски парламентарни избори, јави дописникот на МИА.

Вакво барање до Комисијата достави Социјалистичката партија на актуелниот премиер Еди Рама и Социјалстичкото движење за интеграција на претседател на Парламентот, Илир Мета.

– Комисијата го разгледа барањето, но не го одобри. Нема време за вакви политички маневри, изјави претседателот на Комисијата, Денар Биба.

Двете владејачки партии побарале за неколку дена да биде продолжен рокот за регистрација на коалиции за парламентарните избри закажани за 18 јуни.

Грамоз Ручи и Луан Рама, кои како претставници на двете партии го потпшаа барањето доставено до ЦИК, велат дека барањето го засновале на давањето шанса повеќе „за да преговараат со опозицјата и да се овозможи и нејзино учество на изборите“.

Но, Демократската партија, која ја предводи обединетата опозиција, ја отфрли поканата. Нејзиниот претставник Еди Палока, достави барање до ЦИК во кое наведува сосема спротивну аргуметните на владините партнери.

Одлука за продолжување на рокот, според демократите „не само што е противзаконска“, туку ЦИК ќе ја обележела како „политичка институција во рацете на Владата“ и ќе го зазгрозела изнаоѓањето какво било политичко решение за длабоката политичка криза во земјата.

Поврзани вести

Вучиќ треба да се сретне со Доналд Трамп до крајот... Претседателот на Србија Александар Вучиќ треба да се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп до крајот на годината, пишува српскиот весник „Б...
Две Фејсбук групи на Балканот отворено повикуваат ... На Фејсбук веќе некое време, сосема јавно и без никаква цензура постојат две групи наменети за корисниците од Хрватска и регионот, а кои отворено пром...
Голем пожар на грчкиот остров Кефалонија... Голем пожар избувна на островот Кефалонија, но благодарение на силното присуство на пожарникари, огнот не успеал да ги зафати куќите во близина. Сепак...
Продолжението на конститутивната седница на косовс... Претставници на косовските парламентарни партии денеска постигнаа договор за продолжување на конституивната седница на Собранието на Косово на 24 авгу...
ОН: Политичката неизвесност во Косово има негативн... Политичката неизвесност во Косово, кое веќе два месеци е без влада, има негативни економски и социјални последици, изјави денеска шефот на Мисијата на...
Турските сили за безбедност приведоа петмина борци... Турските сили за безбедност приведоа петмина борци од терористичката групација Исламска држава, кои планирале да извршат напад во Истанбул, соопштија ...