Мурињо: Повредата на Ибрахимовиќ изгледа сериозно

Мурињо: Повредата на Ибрахимовиќ изгледа сериозно

Манчестер Јунајтед синоќа ја доби четвртфиналната пресметка со Андерлехт во Лига Европа, но по се изгледа на подолг рок го загуби првиот свој напаѓач Златан Ибрахимовиќ.

Шведскиот интернационалец го повреди коленото при еден доскок, а менаџерот Жозе Мурињо информира дека најверојатно се работи за посериозна повреда.

– Ќе мора да ги почекаме лекарските прегледи, но по се изгледа повредата не е од полесна природа. Јас сум менаџер, а не доктор, но најверојатно вестите ќе бидат негативни, изјави Мурињо.

Покрај Ибрахимовиќ, на синоќешниот дуел Мурињо остана и без Маркус Рохо кој исто така се повреди.

Поврзани вести

Голема победа на Вардар против Фенербахче... Македонскиот шампион Вардар оствари голема предност од два гола по првиот меч од плејофот за место во Лига Европа против турски Фенербахче. Варда...
Зидан: Двата трофеја добри ќе ни дојдат за стартот... Под водство на Зинедин Зидан, Реал Мадрид синоќа го освои шпанскиот Супер куп, а пред десет дена во Скопје стигна и до трофејот во УЕФА Супер купот, р...
Први бараж натпревари од Лига Европа: Вардар домаќ... Два македонски клуба денеска ќе играат во рамките на првите бараж дуели од Лига Европа. Вечерва во Скопје Вардар е домаќин на Фенербахче, додека тетов...
Валверде: Реал беше подобар од нас... Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде призна дека Реал Мадрид заслужено го освои Супер купот на Шпанија, но додаде дека сезоната е долга и дека очек...
Шпанскиот Супер куп за Реал Мадрид... Европскиот и шпански првак Реал Мадрид освои уште еден пехар на стартот од новата сезона. По триумфот во Супер купот на УЕФА во Скопје, Реал Мадрид си...
Убедлив триумф на Селтик против Астана во баражот ... Екипата на Селтик ја оствари најубедливата победа на средбите од плеј-офот за фудбалската Лига на шампиони одиграни синоќа. Шкотскиот првак ја совлада...