Обука и натпревар за 3Д артисти

Обука и натпревар за 3Д артисти

Средношколци и студенти од техничките факултети во државава, на возраст од 16 до 28 години, ќе може да добијат бесплатна обука за стекнување со меѓународен Аутодеск сертификат и натпревар во 3D и Game dizajn на настанот iNovum, што ќе се одржи од 22 април до 4 мај во „Скопје сити мол“.

Од утре до 23 април во „Скопје сити мол“ ќе бидат поставени промотивни штандови за пријавување за учество. Планирано е дневно да се обучуваат по 20 лица, по што ќе можат да се вклучат во натпреварот. Потребната техника ќе ја обезбеди организаторот на настанот Академијата за 3D и Game design – M3DS .

– Целта е развој на македонското ИТ општество, поттикнување на креативноста кај младите и насочување кон професијата 3Д артист за која има голема побарувачка, рече на прес-конференција Стефан Митров, инструктор во Академијата за 3D и Game design – M3DS.

– Учесниците освен што ќе се стекнат со основни познавања за Autodesk, ќе имаат можност за практична работа, работа во тимови, запознавање со компании учеснички, создавање сопствено портфолио и стекнување меѓународно признаен Autodesk сертификат, рече Митров.

Стекнатото знаење и добиениот сертификат на натпреварот, појасни, може да биде основа за учество во изработка на филмови, реклами, игри и се што е поврзано со визуелизација.

Поддршка во активностите, како што рече, имаат од Агенцијата за вработување и Министерството за култура.

Победничките три тима ќе добијат групна стипендија за студирање во M3DS Академијата.

Поврзани вести

Роуш го претстави својот најсилен Мустанг до сега... Американската компанија Роуш нуди Мустанг, со кој се оддава признание на прочуениот американски ловечки авион P-51 Мустанг кој одигра значајна улога в...
„Опел Грандленд Икс“ со почетната цена од 23.700 е... Германската автоиндустрија „Опел“ го промовираше својот нов модел на СУВ возило „Грандленд Икс“, кој во продажба ќе се најде по почетна цена од 23.700...
Електричен авион со капацитет за летови од речиси ... На 52-то меѓународно париско „Шоу во воздух“, компанијата Евиејшн Еркрафт, којашто е дел од програмата на НАСА, го претстави својот нов електричен ави...
Дубаи воведува електричен мултихеликоптер како лет... Германската авио стартап компанија „Волокоптер“, во договор со Управата за сообраќај на Дубаи наскоро ги почнуваат тестирањата на електричниот мултихе...
ВИДЕО: Моделот Икс на „Тесла“ најбезбеден теренец ... На денот на презентацијата на своето возило „Модел Икс“ во 2015 година, компанијата „Тесла“ тврдеше дека овој електричен теренец ќе добие пет ѕвезди з...
Автомобилските гиганти од Детроит и предизвиците н... БТА - Софија (преземено од Франс прес) Отпуштањето на претседателот и главниот извршен директор на Форд, Марк Филдс, ги открива нестабилните позици...