Еди Рама: Груевски без ниту еден услов ја прифати платформата на албанските партии

Еди Рама: Груевски без ниту еден услов ја прифати платформата на албанските партии

Премиерот на Албанија, Еди Рама, тврди дека Никола Груевски и неговата партија ВМРО-ДПМНЕ без ниту еден услов ја прифатиле платформата на албанските политички партии, за која уште еднаш појасни дека не е од Тирана. Рама влеи дека причините зошто не бил постигнат договор за влада најдобро ги знае самиот Груевски, кој после неуспехот, почна со обвинувања кон платформата, објави Алсат-м.

„Вистината е дека Груевски и неговата партија се согласиле за платформата без услови. Кога тоа не се реализирало, од причини кои Груевски ги знае многу добро, тогаш тој се нафрли на платформата која воопшто не е од Тирана. Не можете да поттикнете етнички конфликт поради власт. Тоа едноставно се прави за власт и нема врска со тоа што се пропагандира. Но, сè си има своја граница, затоа, доста е таа игра со Албанците и со таканаречената тиранска платформа, бидејќи не може да играте политички со удари кон истата заедница, притоа поттикнувајќи поделби и со другите заедници. Тоа е многу опасно. Јас сум многу загрижен за тоа.“ – изјави Еди Рама, премиер на Албанија

Во интервјуто за телевизијата Визион Плус во Албанија, Рама уште еднаш повтори дека Албанците во Македонија не може да се третираат како граѓани од втор ред.

„За тоа кој е нашиот став кон македонскиот народ, ние многу јасно го покажавме тоа. Македонска заедница која е многу мало малцинство во реонот на Корча во поранешен Лиќенас кој го преименувавме во Пустец, бидејќи така сакаа, им дадовме самостојна општина надвор од сите пропишани параметри кои предвидуваат општини. Зошто? За да дадеме јасна пријателска и порака за соживот, така како што треба да биде. А, не како што е во Македонија каде државотворен народ може да се третира како народ од втор ред.“ – рече Рама

Заедничката платформа на албанските политички партии беше причина претседателот Иванов да не му го додели мандатот за формирање на нова влада на Зоран Заев кој обезбеди мнозинство од 67 пратеници.

Поврзани вести

Тешко повредена кавадарчанка откако автомобил удри... Со тешки телесни повреди се здобила вечерва кавадарчанка, родена 1959 година, откако автомобил удрил во неа во новиот центар на Кавадарци, во близина ...
Во Гевгелија и во Демир Капија измерени 38 степени... Највисока температура денеска е измерена во Гевгелија и Демир Капија 38 степени, во Струмица 36, во Скопје на Зајчев Рид и во Штип 35, во Скопје Петро...
Средба Џафери-Бренде: Поддршка за реформските проц... Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери, денеска имаше средба со министерот за надворешни работи на Кралството Норвешка, Борг...
Утре ќе биде сончево и топло, УВ-индексот ќе има в... Времето утре во Македонија ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со поро...
Османи-Пломп: Холандија отсекогаш била еден од нај... Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи денеска оствари средба со амбасадорот на Кралството Холандија, Валтер Пломп...
Средба Заев-Бренде: Владата на Македонија отвора н... Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, придружуван од министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска се сретна со Борг...