Објавен Меѓународниот студенски конкурс за плакат

Објавен Меѓународниот студенски конкурс за плакат

Здружението на графички дизајнери од Македонија – Плакарт, кое годинава одбележува 10 години од постоењето, го објави годинашниот конкурс за избор на студенски плакат на тема „Вештачка интелигенција и реалноста“.

– На годинашниот конкурс студентите од Македонија ќе можат да се натпреваруваат со своите колеги од целиот свет на темата, која како и секоја година привлекува посебно внимание во глобални размери. Ова е горлива тема за бизнис елитите и политичките лидери, воедно претставувајќи глобално прашање кое ги засега и развиените, но и земјите во развој и неразвиените земји, наведуваат од Плакарт.

Крајниот рок за доставување на плакатите е 30 октомври, а фазата на жирирање ќе се одвива во три селекции – прелиминарна онлајн фаза, главна онлајн фаза и жири сесии во живо во Скопје пред отворањето на фестивалот.

Првонаградените ќе добијат можност да ги изложат своите дела во рамки на 11. Скопје постер фестивал во 2018 година, а дополнително ќе добијат екслузивен пристап и учество во работата на жирито во текот на 11. СПФ и во сите програмски настани.

Повеќе за темата, условите за учество и наградите може да се најде на линкот: https://skopjeposter.com/mk/proekti/vestacka-inteligencija/

Организаторите најавуваат дека меѓународното жири од дизајнери, едукатори и креативци надополнето со македонски дизајнери ќе биде објавено кон крајот на април или почетокот на мај.

Дизајнот на плакатот за овогодинашниот конкурс и фестивал го изработи Мишел Буве, организатор на најголемиот фестивал за графички дизајн во Франција „Fete Du Graphisme“.

Поврзани вести

Македонски дизајн на меѓународниот фестивал „Миксе... Изложба насловена „Помеѓу” на дизајн производи на шестмина млади македонски брендови во период 2016 - 2017 година ќе биде поставена од денеска до 28 ...
Македонски дизајн на изложба на меѓународниот фест... Изложба насловена „Помеѓу” на дизајн производи произведени од страна на шестмина млади македонски брендови во период 2016 - 2017 година ќе биде постав...
На пазарот стигнаа фармерки кои лесно можат да се ... Оваа година имавме можност да видиме разни модели на фармерки, од тие со пластичен материјал на колената па до целосно пластични и проѕирни фармерки. ...
За 10 фунти купила прстен со бријлијант од 26 кара... Една Англичанка во 80-те години од минатиот век купила прстен на распродажба за само 10 фунти, но по повеќе од три децении случајно дознала дека тој и...
Стан со мала квадратура со иновативен додаток... Кога станарите на стан на приземниот дел на зградата Вила Магдалена, сместена во бразилскиот град Сао Паоло, се почувствувале по малку клаустрофобично...
Дрвена маса што им пркоси на границите... Италијанската компанија за производство на мебел „Фратели Реифер Костом“ ја креираше големата дрвена маса „МИЗУ“, направена од 10 пресувани дрвени бло...