Ароматичен јагнешки ролат

Ароматичен јагнешки ролат

Никој не може да одолее на вкусно парче месо со печени компири и зеленчук во прилог…

Потребно е:
2 кг јагнешко месо од бут
2 лажичиња рузмарин
50 мл масло
3 чешниња лук
2 лажици сок од лимон
50 гр месната сланина исецкана на тенки парчиња
1 лажица мелен сув зачин

за прилогот:
1 кг компири
150 гр морков
100 гр корен од целер
100 гр корен од магдонос

Подготовка:
– Јагнешкиот бут внимателно одвоите го од коските. Дебелите краеви малку истенчете ги со дрвен чук.

– Месото истријте го со мелениот сув зачин, рузмаринот и истолчениот лук. Искапете го со сок од лимон.

– Сега преку месото наредете ги парчињата сланина и замотајте го како ролат.

– Ролатот од месо заврзете го со кујнски конец за да не ви се отвори додека го печете и од надвор малку посолете го.

– Ролатот запржете го од сите страни на врело масло во тава на рингла. Додадете го сецканиот коренест зеленчук и заедно пржете ги уште малку.

– Ролатот и зеленчукот извадете го од тавата и ставете го во огноотпорна тава за печење. Прелијте ги со малку вода (50 мл).

– Тавата прекријте ја со алуминиумска фолија и ставете да се пече на 200 целзиусови степени околу 45 минути.

– Компирот излупете го, кратко сварете го (околу 5 минути) и исцедете го.

– Тргнете ја фолијата со кој ја покривте тавата во која го печете месото и додадете го компирот. Измешајте го со другиот зеленчук.

– Тавата вратете ја во рерна да се допече уште 20-25 минути.

– Печениот јагнешки ролат ставете малку да се излади, тргнете го конецот, исечете го на парчиња и послужете го со печените комири и зеленчук од тавата.

Поврзани вести

Салата со јајца и леблебии Ладна салата која може да биде комплетен оброк или идеален прилог со друго јадење ... Потребно е: 50 гр леблебии, од конзерва 3 јајца 1 домат 1...
Тестенини со зеленчук и туна... Потребно е: 400 гр некои помали тестенини 1 лажиче сол 4 л вода за бешамел сосот: 30 гр путер 2 полни лажици брашно 750 мл млеко сол и бибер...
Кремаст колач со чоколадо и лешници... За сите љубители на кремасти чоколадни колачи... Потребно е: за бисквитното тесто: 100 гр сецкани пржени лешници 7 белки 150 гр шеќер 100 мл м...
Лиснато тесто со праски Навистина брзо ќе ги подготвите ... Потребно е: 1 кора лиснато тесто 6 половинки праски (од компот) 6 лажичиња слатко од праски шеќер во прав ...
Предјадење со палачинки Богати и вкусни ... Потребно е: за палачинките: 1 чаша (од 200 мл) млеко 1 јајце 3 лажици брашно путер, за премачкување за филот: 1 главиц...
Пилешко бело месо во кисело млеко... Потребно е: 1 кг пилешко бело месо исечено како шницли 2 чаши кисело млеко 2-3 кисели краставички, исецкани на стапчиња брашно сол Подгот...