Како е најдобро да се реагира кога детето ќе се повреди?

Како е најдобро да се реагира кога детето ќе се повреди?

Родителите чести ги совладуваат емоции кога нивното дете ќе се повреди, но таквата реакција на децата не им олеснува. Еве што е најдобро да се прави во такви ситуации.

Истражувачите од Универзитетот во Квинсленд велат дека реакцијата на родителите кога детето е повредено може да ја олесни или ја влоши детската болка.

Истражувањето, кое траеше 18 месеци во кое учествувале 92 деца на возраст од една до шест години, а кои се здобиле со лесни изгореници, покажа дека родителите, кои се многу вознемирени со повредата на детето, само им ја влошуваат ситуацијата.

Анксиозноста на родителите му отежнува на детето да се носи со ситуацијата и многу го вознемирува. Сосема е логично дека кога детето ќе гледа уплашени родители и тоа самото да биде уште поуплашено.

Таквите ситуации се тешки, како за децата, така и за мајката и таткото, но психолозите советуваат – кога детето ќе се повреди обидете се да му го одвлечете вниманието со играчки, телевизија, разговор…

– Нашиот ум има лимит на колку работи може да се фокусира наеднаш. Затоа кога е преокупиран со други работи, мозокот помалку ќе чувствува болка, велат истражувачите. Поради тоа се верува дека во такви ситуации најдобро е на децата да им се одвече вниманието од повредата.

Секако дека не е лесно да се остане мирен кога детето ќе се повреди, но експертите советуваат да се има концентрација само на тоа како да му олесните и помогнете на детето, наместо да се грижите за сериозноста на повредата.

Поврзани вести

Едноставен психолошки трик: Сузбијте го бесот кај ... Децата, еден миг се смеат и си играат, а веќе следниот плачат и беснеат. Причината не е важна, тоа е едноставно така. И што и да кажете главата ќе ве ...
Постојаното учење, здравата храна и дружењето ја с... Постојаното учење, здравата исхрана, непушењето, добриот слухот и дружењето со други лица можат за една третина да го намалат бројот на случаи на деме...
Бебињата најдобро знаат кога се гладни... Мајките и татковците настојуваат децата да ги ранат според одредена шема, но постои струја лекари кои велат дека тоа е непотребно и често пати стресно...
Абецеда на малите сипаници – вакцината е неопходна... Гласот на Америка - Вашингтон Над 75 лица, повеќето мали деца, добиле мали сипаници во американската држава Минесота. Речиси сите биле невакциниран...
Трансплантацијата на матката го покренува прашањет... Кликс - Сараево Во Шведска неодамна е објавено дека од 2014 година до денес се родени шест здрави деца кои на свет дошле по зачнување и бременост в...
Не мора да се откажете од месо за да бидете поздра... Избегнувањето на месо не значи дека нашата исхрана ќе биде поздрава, тврди магазинот Journal of the American College of Cardiology. Дури, објавена...