Готвењето за други позитивно влијае на психата и ја развива креативноста

Готвењето за други позитивно влијае на психата и ја развива креативноста

Луѓето кои сакаат да готват измислуваат какви било причини поради кои би ги загреале своите шпорети.

Правењето торта за нечиј роденден, колачи за прослава на празник, или воопшто готвењето за други носи со себе голема психолошка корист и позитивно дејствува на луѓето.

– Готвењето ја развива креативноста. Креативното изразување било да се работи за сликање, музицирање или готвење ги ослободува луѓето од стресот, изјави за Хафингтон Пост Дона Пинкус, психолог на Универзитетот во Бостон.

Стресот може да се поврзе со низа психички и физички проблеми, а наоѓање на начини за ослободување од стресот е од голема важност за водење здрав живот.

Готвењето за другите луѓе може да послужи како добар начин на комуникација со туѓите чувства. Професорката по психологија на Универзитетот во Масачусетс, Сузан Витборн објаснува дека храната, во недостиг на зборови може да биде начин на изразување.

– Лицата, кои имаат проблеми со искажување на емоциите, благодарност, симпатии или љубов кон некого можат тоа да го покажат на пример преку некое вкусно пециво, вели Витборн.

Медицинската сестра и кулинарскиот терапевт Џули Охана за Хафингтон Пост потенцира дека во многу земји храната навистина е израз на љубов.
– Да се готви, јаде и да се комуницира заедно е прекрасна работа, истакна Охана.

Готвењето бара многу внимание, а фокусирањето на вкусовите, мирисите или движењата, како што е месење на тестото, ги ослободува луѓето од стрес. Состојбата на луѓето додека готват, психолозите ја објаснуваат со медитација.

– Готвењето ве тера да размислувате чекор по чекор, но во исто време да размислувате за рецептот, чиниите кои ви требаат, за тоа колку време ќе направите некое јадење, дали ќе биде вкусно… Сето тоа е еден добар начин на ставање на разни мисли во рамнотежа, а во исто време се забораваат лошите работи, рече Охана.

На крај покрај бројните психолошки предности во текот на готвењето, кога ќе ги усреќите други со јадењето, кое сте го направиле за нив, на чувството на задоволство и исполнетост му нема крај.

Поврзани вести

Виното го подобрува кардиоваскуларното здравје... Неодамнешната студија на израелските истражувачи покажа дека лицата кои имаат обичај попладне со оброкот на испијат една чаша црно вино го подобруваат...
Истражување: Алкохолизмот им причинува поголеми пр... Научници од Универзитетот во Бостон и од една болница во Масачусетс тврдат дека алкохолизмот причинува поголеми проблеми на женскиот, отколку на машки...
Црна лимонада, пијалак кој прави чуда... Освен што оваа лимонада е црна и со самото тоа многу поразлична од кој било друг домашен напиток, тие кои ја пијат тврдат дека е вистинско чудо за чо...
Протеините имаат важна улога за организмот... Протеините имаат важна улога во организмот - учествуваат во саморепродукцијата на клетките и во сите важни процеси во организмот. Претставуваат из...
Контрацептивните таблети наводно го намалуваат ква... Контрацептивните таблети можат да ја намалат општата благосостојба на здравите жени, покажа студија на Институтот Каролинска и Економскиот факултет во...
Како некои луѓе спијат четири часа, а работат двој... Цврстиот и мирен cон e мнoгу вaжeн зa квалитетот на живoтот нa еден чoвек. И, додека зa некои, и осум чaca спиење на ден, cе недoволни, зa дpyги и чет...