(ВИДЕО) Димовски: Сакаат под тепих да пикнат дебата за националните симболи

(ВИДЕО) Димовски: Сакаат под тепих да пикнат дебата за националните симболи

Наместо да одговори конкретно на новинарско прашање, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски ги делеше медиумите на најверојатно некои кои му одговараа и не му одговараа да му поставуваат прашања.

– Вакво прашање очекував од А1он. Законот за кој што зборувате во кој се предлага промена и дополнување на Законот за јазици и дебата за националните симболи е предложен од членови на ДУИ и никогаш не стигнал на дневен ред на Владата на Република Македонија, одговори Димовски иако прашањето беше конкретно дали вака ќе го блокираа Собранието ако овој предлог закон кој е направен во Владата на Никола Груевски стигнеше до Собранието.

Додека Димовски тврди дека овој предлог закон не стигнал до Владата, чудно е како тој е јавно објавен на веб страната на Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор, кога овој Секретаријат е дел од Владата на Република Македонија.

Димовски пред тоа обвини дека СДСМ биле оние кои барале промена на Законот за јазици и дебата за национални симболи, а овие две работи да ги пикнеле „под тепих“ за како што рече граѓаните да не го виделе нивното предавство.

Тој уште еднаш негираше дека ја блокираат седницата и како што кажа ова право им било дадено со Устав. Шпекулираше дека новото парламентарно мнозинство ќе направи обид за насилство врз Собранието и оневозможување на работата на седницата и кажа дека никогаш не била прекината расправа како што сега се обидува да направи СДСМ.

– Претресот трае додека не се исцрпи правото на збор. Апелирам да не се врши насилство врз собранието и да дозволат процесите да течат, како што треба да течат, рече Димовски.

Тој кажа дека ги знаеле плановите на СДСМ за да изберат нов претседател на Собранието.

Александар Тодески

Поврзани вести

Мекејн: Ситуацијата во Македонија излегува од конт... Поранешниот кандидат за претседател на САД и републикански сенатор од сојузната држава Аризона, Џон Мекејн смета дека е потребен поголем ангажман, пос...
Грувески на средба со Лопатка: Најбрз начин за изл... Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во Виена, Австрија оствари средба со шефот на парламентарната група на владеачката партија и поранешен се...
Министерот Нухиу се сретна со претставници на Евро... Министерот за внатрешни работи Агим Нухиу денеска имаше средба со претставници на Европската федерација на новинари, Европскиот центар за слобода на п...
Изработена физибилити студија за пречистителна ста... Францускиот амбасадор во земјата Кристиан Тимоние денеска им го предаде документот на комплетната физибилити студија за изградба на пречистителна стан...
Адаптирани спортски активности за децата со пречки... Денес Проектот на УСАИД и LCIF за деца со пречки во видот организираше адаптирани спортски активности со децата со оштетен вид во училиштето „Вудроу В...
ДУИ: Нема промена во одлуката да се создаде парлам... Демократската унија за интеграција попладнево соопшти дека нема промена во одлуката да се создаде новото парламентарно мнозинство кое ќе го избере Тал...