ВИДЕО: Кој им ги пишува репликите и контра репликите на ВМРО-ДПМНЕ?

ВИДЕО: Кој им ги пишува репликите и контра репликите на ВМРО-ДПМНЕ?

Испечатени листови со реплики и контра реплики, кои буквално почнуваат со зборовите „Почитуван претседавач“, „Почитуван Димовски“ дадени на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, кои денеска повторно треба да зборуваат и да ја узурпираат собраниската говорница.

Вакви листови камерата на А1он забележа пред Иван Стоилковиќ, Стојан Миланов, Васил Пишев, Владанка Авировиќ и кај речиси сите останати пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

ВМРО-ДПМНЕ веќе трет ден ја узурпира говорницата со што прави невозможно да се изгласа Комисијата за избори и менување и да се премине на четвртата точка, односно избор на претседател на Собранието.

Тие цело време се повикуваат на демократија иако нивниот однос е далеку од тоа, како и на Деловникот, кој во три дена го прекршија безброј пати.

Александар Тодески

Поврзани вести

МД „Илинден“ на ФУЕН семинар на словенските малцин... Во организација на Унијата на европските националности (ФУЕН), во соработка со Федерацијата на Лужичките Срби од Германија изминатите четири дена, во ...
Дамјановски во посета на Кумановското муфтиство... радоначалникот на општина Куманово Зоран Дамјановски и дел од советниците од Советот на општината, денеска, по повод Рамазан Бајрам го посетија муфтиј...
Делчевските планинари се искачија на врвот Маљовиц... Делчевските планинари го освоија врвот Маљовица на Рила со надморска висина од 2729 метри. Како што истакна денеска на прес-конференција Љупчо Чучуков...
Народниот правобранител: Поддршката на жртвите од ... Обврската за борба против тортурата и нехуманиот третман не смеат да бидат само декларативни, туку крајно време е властите да преземат конкретни мерки...
Попладне локална нестабилност, од четврток уште по... Во попладневните часови на повеќе места во Македонија ќе има развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе ...
ВИДЕО: Хан пристигна во Владата на Република Макед... Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан пристигна во Владата на Република Македонија каде ќе се сретне со премиерот Зоран Заев. На средбата ќе се ...