Во две одделни акции запленети над 1,8 тони албанска марихуана

Во две одделни акции запленети над 1,8 тони албанска марихуана

Во две одделени акции на грчката и албанската полиција запленети се над 1,8 тони марихуана.

Полицијата од грчкиот град Јанина, во близина на селото Коница денеска запленила 530 килограми марихуана прошверцувана од Албанија.

Дрогата, пакувана во 180 пакетчиња била во возило со грчки регистарски таблички, кое било земено под наем од двајца албански државјани на возраст од 26 и 53 години, кои биле уапсени во акцијата.

Грчките власти соопштија дека дрогата требало да биде траспотирана до Атина.

Претходно, како што јави тиранската телевизија Топ чанел, полицијата од приморскиот град Валона запленила 1.283 килограми марихуана во заливот Бристани, кај Карабурун.

Пакуваната дрога во 47 торби, била оставена на брегот, а која требало со моторен чамец да биде транспортирана во правец на италијанскиот брег. Полицијата трага по лицата кои требало да ја шверцуваат дрогата.

Поврзани вести

Фрлен прав во воздух, по што се повредени над 70 у... Повеќе од 70 учесници на минтинг на Демократската партија на Албанија побарале лекарска помош поради иритација на очите и кожата, откако непознат прав...
На 12 часа по земјотресот во регионот на Маниса ре... На 12 часа по силниот земјотрес од 5,1 степени според Рихтер, во регионот на Маниса, во западна Турција, биле регистрирани вкупно 120 вторични земјени...
Во истрагата за обидот за преврат во Турција досег... Во рамките на огромната истрага, преземена по обидот за преврат во Турција, што беше изведен на 15 јули минатага година, досега се притворени вкупно 5...
Грабар-Китаровиќ: Балканската мигрантска рута треб... Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ изјави дека балканската мигрантска рута треба трајно да остане затворена. Таа ова го изјави вчера...
„Хуриет“: ЕУ на Турција и понудила нова 12-месечна... Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган соопшти дека Европската Унија на Турција и доставила нова 12-месечна програма за обновување на односите, прен...
Осум загинати во сообраќајка на патнички автобус к... Патнички автобус, движејќи се по редовната рута Кастамону-Анкара, утринава се превртел на патот, во близина на Калеџик. Според податоците на локалн...