(ВИДЕО) Заев: Неприфатливо е Груевски, носител на режим, да биде решение за кризата

(ВИДЕО) Заев: Неприфатливо е Груевски, носител на режим, да биде решение за кризата

Не може за никого на светот, па ни за нас да биде прифатливо човек кој бил носител на режим и кој ја предизвика кризата, кој прислушуваше десетици илјади граѓани, затвораше новинари, опозиционери и други невини луѓе, кој е осомничен за финансиски криминал, најголем во поновата историја на Македонија да биде решение за кризата. Ние ги повикавме сите чесни граѓани, патриоти, и нивни симпатизери да ја коментираат нашата програма. Тој треба да е подготвен да премине во опозиција. Зад себе имаме 67 пратеници, зад кои стојат 700.000 гласови. Сега следува само демократско предавање на власта и ништо друго, рече лидерот на СДСМ Зоран Заев во интервју за Ал Џезеира Балканс.

Во врска со документот што го најави Груевски, што неговата партија го подготвила како решение за кризата, Заев рече дека времето за каков било документ е веќе завршено.

– Само програмата на новата Влада е решение. Тој ќе се соочи со документи и докази за криминалите направени во негово време, но тоа е работа на независните институции. Единствено решение е да дозволи мирен, демократски трансфер на власта, бидејќи со кочењето на процесите ја турка Македонија во немило сценарио. Време е после 10 години да бидат конструктивна опозиција со која сакаме да соработуваме, но само така можеме да ги туркаме процесите за граѓаните и иднината на нашата земја. Остануваме во институциите, треба да се формира нова влада и ВМРО-ДПМНЕ треба да оди во опозиција. Да се зборува дека Македонија ќе биде уништена затоа што тој нема да е на власт, тоа е далеку од здрав разум – рече Заев.

За закажувањето на собраниската седница, но и за изборот на претседател на Собранието, Заев рече дека иако барањата на претседателот Иванов се неразумни, тие сепак ќе ги следат демократските принципи и сите процеси ќе ги водат преку институциите.

– Оваа програма покажува дека нема никаква Тиранска платформа или какви било други платформи или документи, туку само програма на идната влада на Македонија која е 100 отсто во интерес на сите граѓани, го јакне уставното уредување и ги потврдува евроатлантските интеграции на земјата. Кога не успеаја да формираат Влада и мандатот беше даден на втората партија со најмногу гласови, тогаш таа беше означена како проблем – рече Заев.

Поврзани вести

ВМРО-ДПМНЕ: Неодговорноста на Заев во управувањето... Димче Арсовски, Потпретседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, денеска во изјава за медиумите рече дека неспособсобноста на СДСМ за управување на државата не мо...
(ВО ЖИВО) Протест против дивата депонија во Тетово... Проследете го во живо протестот во Тетово каде жителите на овој град ќе го изразат своето незадоволство од градоначалничката Теута Арифи поради, како ...
ВМРО-НП Тетово: Тетово е пример за класично избегн... „Општинскиот комитет на ВМРО-Народна партија од Тетово упатува остра реакција до министерот за Здравство, г-динот Таравари по повод непочитувањето на ...
Помалку ученици во кумановските училишта... Помал број ученици ќе се запишат во 16-те основни и петте средни училишта во Куманово, споредено со минатата година, информираа денеска надлежните од ...
Брнабиќ за српската амбасада во Македонија: Не ста... Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави денеска, по повод ситуацијата со Амбасадата на Србија во Македонија, дека „не станува збор за мала работа“ и оти...
СДСМ: Со лажните вести ВМРО-ДПМНЕ работи спротивно... СДСМ со писмено соопштение реагира на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. „Хистеричното и неосновано ширење на лажни вести од страна на ВМРО-ДПМНЕ го потвр...