Очекувана победа на Еурофарм Работник против Вардар Јуниор

Очекувана победа на Еурофарм Работник против Вардар Јуниор

Ракометарите на Еурофарм Работник остварија очекувана победа против Вардар Јуниор во последниот натпревар од 17.коло во Првата машка лига на Македонија.

На средбата одиграна попладнево во Скопје, гостите од Битола забележаа победа со 31-23 полувреме 9-15, а со новите три освоени бодови само го потврдија третото место на табелата.

Во ова претпоследно коло од првиот дел од сезоната, изминатиот викенд беа одиграни другите три средби на кои беа постигнати овие резултати:
Металург 2 – Пелистер 24-35,
Охрид – Пролет 34-22,
ГРК Борец – Прилеп 41-39 и
Работнички – Радовиш 21-32.

Табела: Охрид 40 бодови, Пелистер 40, Еурофарм Работник 37, Борец 29, Радовиш 25, Прилеп 23, Пролет 22, Металург-2 18, Вардар Јуниор 14 и Работнички 0.

Последното коло на програмата е на 26 март, а по него ќе следува разигрувањето за титулата.

Поврзани вести

Втора победа на младите македонски ракометари на С... Јуниорската ракометна репрезентација на Македонија ја оствари и втората победа на Светското првенство за играчи до 21 година кое се одржува во Алжир....
Македонската ракометна кадетска репрезентација по ... Женската репрезентација на Македонија за ракометарки до 17 години загуби и во вториот подготвителен натпревар во Бугарија против домашната селекција....
Темелковски: Не смее да не фати еуфорија по победа... Илија Темелковски селекторот на јуниорската ракометна репрезентација на Македонија смета дека по стартната победа над Русија на Светското младинско пр...
Ракометните селекции У18 и У20 ги дознаа противниц... Младите македонски ракометни репрезентации до 18 и до 20 години ги добија своите противници за ЕХФ шампионатите во младинските категории што ќе се игр...
Со победа над Русија младите македонски ракометари... Јуниорската ракометна репрезентација на Македонија со победа над Русија го започна својот настапот на Светското првенство за играчи до 21 година кое с...
Македонија против Русија во првиот настап на СП за... Младинска ракометна репрезентација на Македонија (до 21 година) денес од 15 часот по македонско време го почнува настапот на Светското првенство во Ал...