ФБИ и НСА: Нема потврда за тврдењето на Трамп за прислушување

ФБИ и НСА: Нема потврда за тврдењето на Трамп за прислушување

Директорите на американските водечки безбедносни и разузнавачки агенции денеска изјавија дека немаат информации кои би ги докажале тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп дека за време на предизборната кампања за претседателските избори во САД тој бил прислушуван по наредба на неговиот претходник Барак Обама.

– Со сета почит кон претседателските твитови за тоа дека претходната американска администрација наводно го прислушувала, јас немам инфромации што би ги подрржале тие твитови, нагласи директорот на ФБИ Џејмс Коми за време на сослушувањето во Конгресот на САД.

Истиот став, според неговото тврдење, го има и американското Министерство за правда што ги надгледува ФБИ и другите агенции.

Коми додаде дека ниту еден поединец не може да наложи прислушување на некој граѓанин од Америка, туку дека таква дозвола даваат судовите по ригорозен процес на одлучување.

Пред комитетот на Конгресот за разузнавачки работи сведочеше и директорот на НСА Мајк Роџерс, кој ја отфрли сугестијата на администрацијата на Трамп дека Националната безбедносна агенција (НСА) побарала од британските разузнавачки агенции да го шпионираат претседателот на САД.

Тој додаде дека целосно стои позади извештајот на разузнавачките служби кога станува збор за мешањето на Русија во предизборната кампања минатата година.

Претходно, Коми потврди дека ФБИ ги истражува можните напори што ги преземала руската Влада со цел да се вмеша во претседателските избори во САД во 2016 година, вклучувајќи какви било врски со кампањата на претседателот Доналд Трамп со Москва.

Поврзани вести

Светиот синод на православната црква во Романија з... Светиод синод на Православната црква на Романија заседава за да дискутира какви мерки ќе преземе против свештеник, кој се гледа на видео снимка за уче...
Жена и три деца загинаа во железничка несреќа кај ... Жена и три деца загинаа утрово, како последица од удар од воз во близина на Букурешт. БТА јави дека, веројатно станува збор за мајка која се фрлил...
Во свлечиште во Конго загинаа 40 лица... Свлечиште затрупало 40 лица откако се втурнало врз рибарско село на брегот на езерото Алберт, на североистокот од Демократска Република Конго, пренесо...
Исламист одговорен за штети од 2,7 милиони евра вр... Меѓународниот кривичен суд утврди денеска дека поранешен исламистички бунтовник, осуден на затвор за уривање на свети објекти во Тимбукту, е одговорен...
Девојка преживеала сама во шума месец дена... Лиса Терис (25) од Луивил во Кентаки преживеала речиси цел месец целосно сама во шума. Како што се наведува, јадела печурки и диви бобинки, полна е со...
Ирак побара помош од ОН за откривање на злосторств... Ирак побара од ОН да му помогне во собирањето на докази за злосторствата извршени од страна на екстремистичката организација „Исламска држава“, преку ...