Попоски се обрати пред студенти на безбедност од Скопје, Белград и Загреб

Попоски се обрати пред студенти на безбедност од Скопје, Белград и Загреб

Улогата на Република Македонија во менаџирањето на мигрантската криза што ја зафати Европа во 2015 и 2016 година, како и предизвиците кои произлегоа и следат од неа беа тема на обраќање на вицепремиерот и министер за надворешни работи Никола Попоски пред групата студенти од Факултетот за безбедност во Скопје, Академијата за криминалистика и полициски студии од Белград и Факултетот за политички науки од Загреб во просториите на МНР.

Во својот говор Попоски посебно внимание посвети на прекуграничната соработка, воспоставувањето контрола на границите, обезбедувањето хуман и безбеден транзит по Балканскиот коридор и спречувањето на илегалната миграција, истакнувајќи ја улогата на Македонија како клучна во заштитата на Шенген системот.

– Имавме три предизвици во текот на мигрантската криза: односите со Грција, која не сакавме да ја оставиме на цедило, негативната медиумска кампања при контрола на границата и недостаток од усогласен настап помеѓу земјите. Од денешна дистанца, видливо е дека пристапивме правилно, истакна Попоски.

Шефот на македонската дипломатија се обрати пред студенти од Скопје, Белград и Загреб кои учествуваат во тридневната регионална студентска конференција на тема: „Прекуграничната соработка во справувањето со заедничките безбедносни предизвици од мигрантската и бегалската криза“, во организација Фондацијата „Конрад Аденауер“, Центарот за истражување и креирање политики и Факултетот за безбедност од Скопје.

Поврзани вести

Хан на „Твитер“: Пофалби за премиерот Заев за пока... По средбата во Скопје со премиерот Зоран Заев, еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан, на Твитер напиша со пофални зборови ...
Најтопло во Демир Капија, нестабилно во Скопско, П... Во Демир Капија денеска беше најтопло, а северниот дел од скопската котлина и Полог беа зафатени од поголема нестабилна маса проследени со пороен дожд...
(ВИДЕО) Средба Груевски-Хан: ВМРО-ДПМНЕ сака да ја... Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денес заедно со членовите на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Никола Тодоров и Антонијо Милошоски оствари с...
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ 11 години го погазуваше правниот ... СДСМ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Спиро Ристовски за судството. „ВМРО-ДПМНЕ 11 години го уништуваше судството и преку па...
Во Делчево почна собирањето потписи за бесплатни з... Во Делчево денеска почна собирањето потписи за бесплатни здравствени прегледи на бремените жени во рамки на кампањата „Стоп за незаконското наплаќање ...
Ристовски: СДС сака да инсталира партиски кадри во... СДС работи на промена на персоналниот состав на судскиот совет и сака да инсталира партиски кадри за целосна и апсолутна контрола и да креира уште едн...