Јужносудански авион морал принудно да слета, 14 лица се повредени

Јужносудански авион морал принудно да слета, 14 лица се повредени

Авион во сопственост на јужносуданската авиокомпанија „Саут суприм ерлајнз“ денеска принудно слета на аеродромот во градот Вау, северозападен Јужен Судан.

Во авионот имало 45 луѓе од кои при принудното слетување повредени се 14.

– Во авионот беа 40 патници и петмина членови на екипажот. Немам други информации, изјави директорот на „Саут суприм ерлајнз“ Габријел Нганг, додавајќи оти авионот полетал од главниот град на Јужен Судан, Џуба.

Неименуван припадник на локалната спасувачка служба изјави дека „никој не загинал, но оти има поголем број повредени лица“.

Поврзани вести

Лидер на Хезболах: Израелска војна би покренала ил... Лидерот на либански Хезболах, Саед Хасан Насралах изјави денеска дека евентуална идна војна што би ја почнал Израел против Сирија или Либан може да пр...
Прегласниот говор на австрискиот канцелар им прече... На една виенчанка и пречел гласниот говор на австрискиот канцерал Кристијан Керн, по што вербално ги нападнала присутните на настанот. Забавата во ...
Британската полиција предупредува дека со намалено... Висок претставник на британската полиција предупреди дека поради намалено финансирање и ресурси, полицијата ќе биде соочена со „вистински предизвици“ ...
Две агенции на ЕУ се преселуваат од Лондон на нова... Европската агенција за медицина (ЕМА) и Европската банкарска управа (ЕБА) кои досега имаа седиште во Лондон, соопштија дека се повлекуваат од британск...
Поранешен командант на паравоена група на унионист... Поранешниот командант на северноирската паравоена организација „Алстерски доброволни сили“ (УВФ), на локалните унионисти-лојалисти (протестанти) Гери ...
Трамп за амбасадор во Лондон назначи сопственик на... Американскиот претседател Доналд Трамп одлучил за амбасадор на САД во Лондон да биде назначен Вуди Џонсон, сопственик на њујоршкиот клуб за американск...