Општина Дебар 2016. година ја завршила со суфицит од 15,3 милиони денари

Општина Дебар 2016. година ја завршила со суфицит од 15,3 милиони денари

На денешната 44-та редовна седница членовите на Советот на општина Дебар ја разгледаа и усвоија завршната сметка на буџетот на општината за 2016 година. Според Ќазим Ќормемети, раководител на Секторот за финансии и буџет, минатата година општината ја завршила со суфицит од 15,3 милиони денари.

-Буџетот за минатата година беше проектиран на 299.295.000 денари, а реализран е со 249.672.626 денари. Остварени се вкупни расходи во износ од 234.364.988 денари, што значи забележан е суфицит од 15.307.638 денари, образоложи Ќормемети пред советиците.

Што се однесува до планираниот прилив на средства, посочи тој, најголемо неоставрување е забележано кај ставката донации каде наместо планираните над 4,6 милиони денари остварени се само 345 илјади денари, потоа кај ставката даночни приходи каде се слеале 12 милони денари помалку, како и кај капиталните приходи за 14 милиони денари помалку од планираните.

Советот на седницата ја усвои и Програмата за работа во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Македонија, како и повеќе одлуки од областа на урбанизмот.

Буџетот на општина Дебар за 2017 година е проектиран на 312 милиони и 250 илјади денари.

На седницата беше прфатено и барањето на советникот од ДУИ, Шуип Марку, од следната година во Дебар на организиран начин да се одбележува 14 март, кој жителите на поширокиот регион уште го нарекуваат Летник или Денот на летото.

Поврзани вести

Грција се надева на уште една рекордна година за т... ДПА - Хамбург Рекордниот број туристички посети во 2016 година не беа доволни за да ги компензираат проблемите и економските мерки во Грција, но си...
Каде во пракса исчезнаа работните места во америка... Проџект синдикејт - Прага За две децении – од 1979 до 1999 година – бројот на работните места во индустриското производство во САД се намали од 19 ...
(ВИДЕО) Спасовски: Новата влада ќе ги заштити рабо... „Денеска е значаен ден заради тоа што на повик на неколку синдикати сме тука за да поразговараме околу идните ставови на новата Влада предовдена од Со...
Зголемен товарниот патен превоз, намалување во жел... За 69,6 проценти е зголемено количеството на превезена стока во товарниот патен превоз во првиот квартал годинава споредено со првиот квартал лани, а ...
Понуди за работни места од 25 компании на Саемот з... Дваесет и пет компании од источниот регион нудат работни места за невработени лица на вториот Саем за вработување, што беше отворен денеска во галериј...
Врнежите поволни за поледелските култури... Врнежите од последниот влажен бран значително ќе ја подобрат состојбата за обезбеденост на почвената влажност кај поледелските култури, особено кај ја...