Во Куманово одбележан Денот на Црвениот крст на Република Македонија

Во Куманово одбележан Денот на Црвениот крст на Република Македонија

Општинската организација на Црвениот крст од Куманово и одделот за трансфузија од Општата болница во Куманово денеска во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ го одбележаа Денот на крводарителите и Денот на Црвениот крст на Република Македонија.

Надлежните им доделија благодарници на повеќекратните крводарители од Куманово, оние кои дарувале крв по 10, 25, 50 и 75 пати.

– Лани имаме собрано 196 крвни единици повеќе во однос на 2015-та година кога собравме 2.763 единици. Задоволни сме од бројката, но сепак мора да се потенцира дека Куманово е најголема општина и ќе настојуваме бројот на крводарувања да биде поголем, изјави претседателот на Општинската организација на Црвениот крст Нухи Јусуфи.

Тој истакна дека најчесто крв дарува помладата генерација, од 20 до 35-годишна возраст. Според него, има доволно количини крв.

Докторката Лилјана Славковска од одделот за трансфузиологија информира дека бројот на крводарители постојано расте и додаде оти секој кој е здрав може да дарува крв.

– Дарувањето не предизвикува никакви последици по здравјето, напротив овозможува обнова на крвната плазма, како и на крвните тела, рече Славковска.

Ненад Алексовски, кој дарува крв веќе 50 пати, изјави дека почнал со крводарителството од средношколските денови и најави оти ќе продолжи се додека се чуствува добро.

Манце Ѓорѓевиќ 137 пати дарувал крв, а првпат дарувал крв за да му помогне на другар кој доживеал сообраќајна несреќа.

Поврзани вести

Состојба на патиштата Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните ...
Јавна дискусија „Православието, теологијата и совр... Јавна дискусија на тема „Православието, теологијата и современото општество“ ќе се одржи вечер во свечената сала на Соборниот храм „Свети Климент Охри...
Амбасадорите на Јапонија и Монголија ќе ги предада... Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска ќе ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Јапонија и Монголија во Ре...
Известители на ПССЕ во посета на Македонија... Известители на Комисијата за почитување на обврските и заложбите на земјите членки преземени при приемот во Советот на Европа денеска и утре ќе бидат ...
Крик: Извештај од УБК-српскиот разузнавач Живаљеви... КРИК, српската мрежа за истражување криминал и корупција објави документи, за кои вели дека се извештај од УБК(македонската Управа за безбедност и кон...
Јавна седница на Врховниот суд за убиствата кај См... Врховниот суд на Република Македонија денеска ќе одржи јавна седница по предметот оформен по жалба против пресуда донесена од Апелацискиот суд Скопје,...