Јапонска донација за пелагонискиот плански регион

Јапонска донација за пелагонискиот плански регион

Советот за развој на пелагонискиот плански регион со кој претседава градоначалникот на општина Ресен Ѓоко Стрезовски, денеска во Битола ја претстави најновата донација од јапонската амбасада за регионот, багер за чистење на речните корита и канали.

Пелагонискиот плански регион е силно издигнат над локалните критериуми и фокусиран на проектите од регионално значење, изјави Стрезовски на прес-конференцијата што се одржа во Битола.

– Посебни успеси постигнавме во руралните општини каде реализацијата на проектите беше многу ефикасна. Во меѓувреме добивме и поддршка од јапонската амбасада која за пелагонискиот регион додели грант од 70.000 евра за набавка на багер за чистење на речните корита и каналите со што ќе се подобри можноста за справување со евентуални поплави во деветте општини од пелагонискиот регион, потврди Стрезовски.

На денешната редовна седница на Советот за развој на пелагонискиот плански регион беа усвоени извештајот на програмата за работа на Центарот за развој на пелагонискиот регион-ЦРППР со седиште во Битола.

– Во моментов ЦРППР има одобрени над 400.000 евра за различни проекти со регионално значење од различни донатори како што се реконструкцијата на зелениот пазар во Демир Хисар, реконструкција на сала за културни настани во општина Долнени и набавка на против пожарно возило во општина Крушево, најави Емилиа Ѓероска, директорка на ЦРППР.

Поврзани вести

Реакција од Општина Кисела Вода... „Почитувани, во врска со вашиот текст под наслов “Мирен протест на жителите од „11 Октомври“ на булеварот „Борис Трајковски“, во насока на целосното, ...
Тимоние: Што побрзо да се најде решение за политич... Францускиот амбасадор во Македонија, Кристијан Тимоние денеска во Битола изјави дека очекува што поскоро да се реши политичката ситуација во која се н...
Димовски: Во Туфегџиќ го препознавам гласот на Сор... - Во Ивана Туфегџиќ не го препознавам гласот на иселените, нивните родители или сиромашните, туку гласот на Сорос, рече Илија Димовски во реплика на Т...
Без струја утре делови од Кисела Вода и Зелениково... Без електрична енергија утре од 06:30 до 10:00 часот ќе останат дел од корисниците од населба Драчево, делот кај ТИПО, делот кон село Долно Лисиче, се...
Здравствен дом Куманово ќе добие донација санитетс... Санитетско возило за кумановската Итна помош ќе донира Амбасадата на Словачка во Македонија, соопштија на денешната прес-конференција директорот на Зд...
СДСМ: Груевски е изолиран политичар, ниту едно лоб... „Пораките во Резолуцијата усвоена од Европската народна партија се уште еден доказ дека Груевски е изолиран политичар која ја изгуби довербата од сите...