Трамп: Тврдењата за руската интервенција на изборите во САД се измислица на демократите

Трамп: Тврдењата за руската интервенција на изборите во САД се измислица на демократите

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ги обвини демократите дека ги измислиле тврдењата за руската интервенција на претседателските избори во САД минатата година, нагласувајќи дека Конгресот и ФБИ треба да ги проверат информациите што биле објавени во медиумите.

– Демократите измислија и лансираа приказна со Русија, како алиби за тоа што водеа ужасна кампања. Имаа голема предност во изборниот колегиум и загубија!, напиша Трамп на неговиот Твитер налог.

– Вистинската приказна, што Конгресот, ФБИ и останатите треба да ја проучат е протекувањето на класифицирани информации. Сега треба да се открие од каде дошло истекувањето!, изјави американскиот претседател.

Трамп ја даде оваа изјава неколку часови пред сослушувањето, на кое се предвидува директорот на ФБИ Џејмс Коми и дирекоторот на Агенцијата за национална безбедност Мајкл Роџерс да дадат докази за тврдењата за руските хакерски дејствија и за тоа дали Русија била поврзана со предизборната кампања на Трамп.

Сослушувањето пред комисијата за разузнавање на Претставничкиот дом е едно од неколкуте истраги на комисијата на Конгресот за тврдењата за руската вмешаност.

Трамп напиша на Твитер дека поранешниот директор на националната разузнавачка служба Џејмс Клапер, синоќа во ТВ интервју наведе дека не знае дали има докази што би го поврзале Трамп или неговиот тим со Русија.

– Џејмс Клапер и други луѓе изјавија дека нема докази дека претседателот на САД конспирирал со Русија. Таа приказна е лажна вест и сите го знаат тоа!, нагласи Трамп.

Поврзани вести

Продолжуваат антивладините протести во Венецуела... Венецуелската полиција го приведе номинираниот судија во Врховен суд, Анхел Серпа, соопшти опозицијата. Опозиционерот Хулио Борхес на Твитер напиша...
Умерен земјотрес во североисточна Кина... Земјотрес со интензитет од 4,9 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во градот Сонгјуан, во североисточната кинеска провинција Јилин,...
УКИП ја загуби контролата врз едниствената општина... Британската десничарска и антиевропска партија УКИП ја загуби контролата што досега ја имаше врз единствената општина во Англија и Велика Британија, в...
Тел Авив размислува за отстранување на безбедносни... Израелските власти ја испитуваат можноста за алтернативно решение за нивната одлука да се постават детектори за метал, на најрелигиозната локација во ...
Трамп: Имам целосно овластување за помилување луѓе... Американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер напиша дека располага со „целосно овластување“ за да помилува луѓе. Таквата изјава медиумите во СА...
Во Авганистан киднапирани 70 луѓе, од кои седуммин... Од селото Кандахар, јужен Авганистан киднапирани се 70 жители, а најмалку седуммина се убиени, соопшти денеска полицијата. Покрај селото поминува г...