Алијансата за Албанците: Намерата на руското МНР е создавање нестабилност и хаос

Алијансата за Албанците: Намерата на руското МНР е создавање нестабилност и хаос

„Алијансата за Албанците” го осудува речникот кој во континуитет го генерира Руското МНР преку нејзините дипломати, кон земјите на Западен Балкан, особено на Македонија.

Веруваме дека намерата на Руското МНР е создавање нестабилност и хаос, на и онака тензичната ситуација, но и обид за одложувања на процесот на интеграција на земјите од Западен Балкан.

Посебен апел упатуваме до ВМРО-ДПМНЕ и нејзините “граѓански” марионети кои долго време се наведени во “игра” за дезинтеграција на земјата. Треба да се свестите дека Македонија е европска земја, со стратешката ориентација интеграцијата во НАТО и ЕУ преку почитување на демократските вредности и еднаквите права на сите заедници во Република Македонија, и тоа не може да биде поинаку освен како што е наведено во Извештаите на ЕК. Крајно време е да се воздржите од дневната политика и да и дадете предност на поширокиот интерес на граѓаните.

“Алијансата за Албанците” изразува загриженост во врска со фактот дека 12 годишното доцнење на процесот на интеграција на земјата, не беа доволни на оваа власт, па недостасуваше и предизвикување на вештачки протести со цел поттикнувањена меѓуетничка омраза и нетолеранција, која дополнително ќе ја загрози стабилноста на земјата и ќе го забави процесот за атерирање во евро-атланските структури“, се вели во соопштението на „Алијансата за Албанците”

Поврзани вести

УКЛО објави конкурс за најдобар истражувачки труд ... Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола објави Конкурс за најдобар истражувачки труд и есеј, на кој може да учествуваат студентите запишани на прв...
(ВИДЕО) Дачиќ: Имаме докази за разузнавачки активн... Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ потврди дека имаат докази за силно разузнавачко делување во Македонија насочено против Србија и...
(ВИДЕО) СДСМ Прилеп: Судските пресуди против градо... Миле Талевски, член на Советот на Општина Прилеп од СДСМ денеска во изјава за медиумите рече дека 12-годишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ, оставило пустош...
Се превртел трактор во струмичко, возачот загинал,... На местото викано „Скрка“ на планината Еленица во Струмица, В.К. (49) од село Вељуса, вчера околу пладне управувајќи трактор „ИМТ 533“ без регистарски...
Изградба на филтер станица во село Кучичино... Завршија градежните работи на изградба на филтер станицата за отпадни води во село Кучичино, во општина Чешиново-Облешево. Филтер станицата ја гради х...
ДИК ќе врши избор на членови на Изборната комисија... Државната изборна комисија (ДИК) денеска ќе одржи седница на која на дневен ред се случаен избор на членови на изборната комисија на градот Скопје и р...