НСДП: Најголемата закана за безбедноста на Република Македонија е Никола Груевски

НСДП: Најголемата закана за безбедноста на Република Македонија е Никола Груевски

„Најголемата закана за безбедноста, стабилноста и унитарниот карактер на Република Македонија е лично Никола Груевски. Тој уште еднаш, по кој знае кој пат, покажа дека својата лична политичка трагедија сака да ја колективизира за да се спаси себеси и тие околу него од правната одговорност за сите злодела кои ги направија на граѓаните во изминатава деценија.

Резултатите од изборите на 11 декември сосема јасно ја поставија формулата за решение и излез од политичката криза, а тој и ВМРО-ДПМНЕ не се дел од неа. Тоа е прашање на математика, а не на лични стравови и политички желби да се блокираат процесите на профункционирање на правниот систем. Токму тој нарушен политички комодидет Груевски очајнички се обидува да го прикрие со манипулативен политички вокабулар исполнет со омраза и меѓуетничка поларизација и поделба.

Тезите дека некој подготвува федерализација на Македонија, воведување на паралелни институции, на промена на знаме и химна, и дека истите тие може да се реализираат без поддршка на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, зборуваат за една виртуелна политичка реалноста која пропагандната машина се обидува да ја искористи за да се затскрие политичкиот очајник на кого личната слобода и нелегално стекнатото богатство му се помили од било што друго.

НСДП апелира во најбрзо можен рок да се формира новата реформска Влада, која свој неспорен легитимитет го темели на резултатите од парламентарните избори, и со тоа во Макадонија да отпочнат процесите на возобновување на демократијата и институциите на системот. Сосема јасно е дека тие процеси Груевски и тие околу него ги доживуваат фаталиситчки за својата лична политичка иднина, и на сите можни начини ќе се обидуваат да ги одложат, но тоа е неминовниот пат кој избраа граѓаните на Македонија, од кој нема назад. Тоа треба да го сфатат и неговите сопартијци во ВМРО-ДПМНЕ и да го дадат својот личен придонес преку отпочнување на процес на внатепартиски реформи, затоа што само на тој начин Македонија може да се врати на евро-атланските патиша и да се спаси од пропаста кон која ја води нивниот актуелен лидер“, се вели во соопштението на НСДП.

Поврзани вести

Честитка од министерката Шекеринска по повод Рамаз... Министерката за одбрана Радмила Шекеринска упати честитка до граѓаните во Република Македонија од исламска вероисповед по повод празникот Рамазан Бајр...
Иванов упати честитка по повод Рамазан Бајрам... Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, по повод големиот муслимански празник Рамазан-бајрам, упати честитка до поглаварот на Исламската ...
Препораки до граѓаните за заштита од високите темп... Институтот за Јавно Здравје на Македонија апелира до граѓаните да ги почитуваат општите препораки за заштита од високите температури поради тоа што зе...
Состојба на патиштата Сообраќајот на државните патишта се одвива пo суви коловози АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поста...
Хан и Прибе утре во Скопје на средби за Итните реф... Еврокомесарот за европска соседска политика и преговори за проширување Јоханес Хан утре ќе престојува во Македонија на разговори околу плановите за ре...
На граничните премини задржувања од околу 30-тина ... На граничните премини од утрово нема задржувања подолги од 30-тина минути за влез и излез од државата, соопшти АМСМ. Интензитетот на сообраќајот н...