Пандев промовиран во Амбасадор на Суперкупот 2017

Пандев промовиран во Амбасадор на Суперкупот 2017

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев денеска беше промовиран во Амбасадор на Суперкупот на УЕФА 2017, натпревар што треба да се игра во август во Скопје, меѓу освојувачите на Лигата на шампионите и Лига Европа.

Пандев се заблагодари за довербата и посака на 8 август на „Телеком Арена“ за трофејот во Суперкупот да се борат Јувентус или Барселона против Манчестер Јунајтед.

На денешната прес-конференција на Националната Арена присуствуваше и претседателот на ФФМ Илчо Ѓорѓиоски кој најави спектакл.

– Ќе бидеме домаќини на еден од најголемите настани. Горди сме што ја заслуживме можноста да бидеме домаќини на ваков настан. Благодариме на УЕФА за дадената доверба. Ова е сон на многу генерации фудбалски работници од минатото. Стадион по сите критериуми на УЕФА. Еден од најдобрите во регионот. Чест и задоволство Горан Пандев да биде амбасадор на Суперкупот, рече Ѓорѓиоски.

Од Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор најавија дека сите рокови се запазени и дека Арената ќе биде подготвена за големиот настан.

– Досега имавме преку 80 инспекции од УЕФА и ги спроведовме сите нивни укажувања и препораки. Арената официјално за натпревари ќе биде затворена по 11 јуни кога се игра квалификацискиот дуел Македонија – Шпанија. Потоа ќе работиме на подготовка на теренот, нагласи директорот Цветко Грозданов.

Поврзани вести

Руни стави крај на репрезентативната кариера... Вејн Руни повеќе нема да настапува за англиската фудбалска репрезентација, соопшти денеска фудбалерот на Евертон. - Одлучив да се повлечам од репре...
Милевски: Наша цел одново ќе биде да победуваме... Селекторот на Македонија до 21 година Благоја Милевски очекува и во новиот квалификациски циклус „црвено-жолтите“ да остварат добри резултати. - По...
Потврдена казната на Роналдо, на терените се враќа... На најдобриот светски фудбалер и член на Реал Мадрид Кристијано Роналдо му е потврдена казната од пет натпревари суспензија во шпанската Примера, отка...
Селекторот Милевски го објави списокот на фудбалер... Селекторот на репрезентацијата на Македонија до 21 година, Благоја Милевски денеска го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета за квалификацискио...
Барселона упорна, испраќа четврта понуда за Кутињо... Барселона подготвува нова понуда за бразилскиот фудбалер Фелипе Кутињо. Каталонците овој пат на Ливерпул ќе му понудат 150 милиони евра, јави „Скај сп...
Вардарци заминаа за Истанбул... Вардаровата експедиција составена од фудбалерите, стручниот штаб и раководството, денеска отпатува за Истанбул каде што утре ќе го одигра реванш натпр...