Претставата „Лазаревото писмо“ на сцената на Bелешкиот театар

Претставата „Лазаревото писмо“ на сцената на Bелешкиот театар

На сцената на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес вечер актери од Штипскиот театар ќе ја изведат претставата „Лазаревото писмо“ од Живко Чинго, во режија и адаптација на Љупчо Ѓоргиевски.

Од Велешкиот театар информираа дека претставата е адаптација на истоименото дело на Живко Чинго, во кое дејството се случува во шеесетите години на минатиот век, време со кое режисерот нашол аналогна врска со денешното.

Bо претставата настапуваат актерите: Владимир Тулиев, Милорад Ангелов, Пеце Ристевски, Виктор Арев, Ефтим Трајчов, Ангелка Нашкова, Марија Минчева, Елена Шорова, Надица Петрова, Марија Димитрова, Никола Стефанов, Никола Кузелов, Нела Ангелова и Емилија Ристевска.

Автор на музиката е Марјан Неќак, костимите се на Андреј Ѓоргиевски, а сценографијата на Благој Мицевски.

Поврзани вести

Танчарката Анастасија Данчевска во европско-кинеск... Танчaрката на Скопје танцовиот театар Анастасија Данчевска е ангажирана во европско-кинеска копродукција насловена „Колевка“ која премиерно ќе се одрж...
Бранко Прља и Роберт Алаѓозовски на Саемот на книг... Младиот македонски писател Бранко Прља ќе учествува во програмата, „Ниту исток ниту Запад, алхемијата на Балканот“ на Меѓународниот саем на книга во ...
Годишен состанок на координатори на франкофонија о... Годишен состанок на национални координатори на Франкофонијата од регионот на Централна и Источна Европа денеска ќе се одржи во Министерството за надво...
Јубилејна изложба на ликовни педагози во Кинотека ... Со дела на 35 ликовни творци денеска во Кинотека на Македонија ќе биде отворена 35-тата јубилејна традиционална годишна изложба на ликовни педагози од...
Одбележување 70 години од раѓањето на академик Над... Во Македонската академија на науките и уметностите денеска ќе бидат одбележани 70 години од раѓањето на академик Нада Поп-Јорданова. На свечениот с...
Центар за филм-Битола јавно побара да го организир... Центарот за филм-Битола, чии основачи се битолчаните Димитар Николов-Таки, Владимир Симоновски, Александар Стојановски, Сашо Миленковски и Петар Трајч...