Мареј ја зголеми предноста во однос на Ѓоковиќ на АТП ранг листата

Мареј ја зголеми предноста во однос на Ѓоковиќ на АТП ранг листата

Британецот Енди Мареј по завршувањето на Мастерсот во Индијан Велс ја зголеми разликата во однос на Новак Ѓоковиќ на чело на АТП листата. Иако Мареј во Индијан Велс настапот го заврши на самиот старт, тој ја зголеми бодовната предност во однос на Ѓоковиќ, поради тоа што Србинот беше елиминиран во осминафиналето и загуби 920 бодови.

Разликата меѓу првиот и вториот тенисер во светот сега изнесува 3.090 поени, а истата дополнително ќе се зголеми по Мастерсот во Мајами, каде Ѓоковиќ е актуелен шампион, но поради повреда нема да ја брани титулата, поради што ќе загуби нови 1.000 поени.

Голем скок бележи и Роџер Федерер кој го осви Индијан Велс.

ТОП 10 тенисери на најновата АТП ранг листа:

1. Енди Мари (Велика Британија) 12.005 бодови

2. Новак Ѓоковиќ (Србија) 8.915

3. Стан Вавринка (Швајцарија) 5.705

4. Кеи Нишикори (Јапонија) 4.730

5. Милош Раониќ (Канада) 4.480

6. Роџер Федерер (Швајцарија) 4.305

7. Рафаел Надал (Шпанија) 4.145

8. Доминик Тим (Австрија) 3.465

9. Марин Чилиќ (Хрватска) 3.420

10. Жо-Вилфред Цонга (Франција) 3.310.

Поврзани вести

Венус Вилијамс подобра од првата светска тенисерка... Американката Венус Вилијамс се пласира во полуфиналето на ВТА турнирот во Мајами откако ноќеска со 2-0, ја совлада Анџелика Кербер (Германија) која во...
Надал експресно избори полуфинале во Мајами... Со експресна победа над Џек Сок (САД) во два сета (6:2 и 6:3), шпанскиот тенисер Рафаел Надал ноќеска обезбеди место во полуфиналето на АТП турнирот в...
Победа и пораз на Ѓорческа на стартот од фјучрсот ... Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа со пораз во поединечна конкуренција и победа во двојки го почна настапот на фјучрсот во Италија што се и...
Федерер и Надал четвртфиналисти, Вавринка елиминир... Првиот носител на АТП турнирот во Мајами, Стан Вавринка (Швајцарија) е елиминиран уште во осминафиналето по поразот од Александер Зверев (Германија) н...
Вознијацки – Плискова прва полуфинална двојка во М... Каролине Вознијацки од Данска и Каролина Плискова од Чешка ја формираа првата полуфинална двојка на ВТА турнирот во Мајами по победата над своите рива...
Вавринка и Гофин изборија осминафинале на турнирот... Првиот носител Стан Вавринка (Швајцарија) се пласира во осминафиналето на АТП турнирот во Мајами, САД, откако ноќеска забележа победа на Алжирецот Мал...