АНАЛИЗА: Кога политиката влегува низ врата – образованието бега преку прозорец!

АНАЛИЗА: Кога политиката влегува низ врата – образованието бега преку прозорец!

Образованието е длабоко партизирано, а говорот на омраза кој се шири веќе влезе во училиштата, за што некој мора да понесе одговорност – оценуваат дел од експертите, социолози и поранешни министри за образование, пишува неделната анализа на Portalb.mk.

Последните случувања во прилепската гиманзија го открија грдото лице на реалноста во која растат и се образоваат младите – велат аналитичарите. Но она што е сега важно е дали и кој ќе понесе одговорност.

Системот – нем набљудувач на кршење на закони и права?

Актулените политички случувања , особено протестите на малолетници кои безодговорност на надлежните на накој начин ја бојкотираат натаставата, го контаминира образованието и дополнително дали отвора опасност од етнички или интранетнички тензии – вели за Portalb.mk. еден од поранешните министри за образование Сулејман Рушити.

„Говорот на омраза кој се пренесува преку медиумите од собири, јавни дебати и преку социјалните мрежи секако дека влијае и го контаминира образованието. Куриколумите (обука, редослед на учење) се исто така извор на нетолеранција кога во нив се наоѓаат несоодветни содржини кои се со предрасуди. Кога говорот на омраза се учи во училиште тогаш тој се рециклира, станува дел од секојдневниот живот. Станува начин на живот, начин на изразување и консеквенциите се долготрајни“ – вели поранешниот министер Рушити.

Социолозите сметаат дека последниот пример со прилепската гимназија, во која со денови дел од учениците наместо на настава – одеа на протести покажа дека системот е нем набљудувач на драматични кршења на законите но и на правата на децата, оние кои се малолетни.

„И едукатоорт и педагогот треба да бидат во функција токму на таа можност децата сами да можа да мислат и расудуваат, да имаат свои ставови, ослободени од секаков вид на туѓи мислења, наметнување на туѓу ставови и влијанија. Туѓите ставови и мислења треба да бидат во функција на дополнување на сознанијата, но не и “наметнување“ како единствено сознание. Упатувам порака до надлежните, нека ја земат и нека ја прочитаат Конвенцијата за заштита на првата на децата и нека видат што се предвидува таа Конвенција – кој секако не превидува насилство, злупотреба и притисоци врз децата“ – вели за Portalb.mk универзитетскиот професор Ѓорѓи Тоновски.

Состојбата се вулгаризираше до тој степен што ученици од прилепската гимназија ја исвиркаа професорката кој се спротиставува да се оди на протести и да се губат часовите. Ја пречакаа со зборовите:

„Проклети да се предавниците“.

Има ли кривична одговорност…

Агитацијата и инволвирањето на деца за политички цели се спротивни на Законот за средното образование со кој е забрането секакво политичко и верско организирање и дејствување и надвор од целите на образованието – училиштата да бидат места каде ќе се врши основната дејност воспитно-образовниот процес – реагираше Народниот правобраниет.

„Истовремено најостро ги осудува настапите на раководни лица во училиштата поради што ги повикува училишните одбори, градоначалниците, Државниот просветен инспекторат и Министерството за образование и наука веднаш и без одлагање, секој во рамките на своите надлежности да преземе соодветни мерки спрема лицата кои агитираат или дозволуваат во училиштата да се врши агитација и обиди за политичко инволвирање на учениците“, оценија од Канцеларијата на Народниот правобранител од каде највија дека отвораат постапка за одговорност на прилепскиот директор во гимнзијата.

Прекршување на законите препознаа и од Левица од каде велат:

„По објавената снимка на директорот на болницата во Прилеп, не заостанува ни директорот на градската гимназија. На снимката која е објавена се слуша како директорот политички агитира помеѓу малолетните ученици да се приклучат кон протестите за унитарна Македонија. Со тоа е прекршен член 7 од законот за средно образование кој вели „Во средното училиште е забрането секакво политичко и верско организирање и дејствување“.

Иако протестите во прилепската гимназија, кои почнаа минатата недела, според дел од учениците биле спонатани со цел да се одбрани унитарноста на државата и на македонскиот јазик, сепак аналитичарите велат дека во случајов се работи за малолетни лица кои пред очите на надлежните наместо на часови – одат на протести, во политичка функција. Одговорност мора да има – смета за Portalb.mk, Рушити.

„Одговорноста секако дека треба да се бара кај партизираното образование. Училиштата за жал се гледаат како рудник на гласови и се злоупотребуваат за дневна политика. Време е сериозно да се занимаваме со образвниот процес со стратегија, не со дневна политика. Работите да се поставуват на цврсти нозе, да се инвестира во образование но и едукација. Параелно да се изнаоѓаат механозми да се минимизира влијанието на партиите врз образовниот процес“ – вели еден од поранешните министри за образование Сулејман Рушити.

Дел од родителите во Прилеп реагираа жестоко и побараа одговорност. Од СДСМ најавија кривични пријави за директорот на прилепската гимназија „Мирче Ацев“, Киро Николовски, како и против директорот на прилепското средно училиште „Ристе Ристески-Ричко“, Жарко Темелкоски, бидејќи, како што велат од партијата влегле во кривично дело.

Анализа на Порталб

Поврзани вести

Спасовски: Во наредниот период ќе отвориме повеќе ... Во рамките на редовните понеделнички средби во Централата на СДСМ вечерва се одржа средба на која гостуваа генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасов...
(ВИДЕО) Заев: Ги приближуваме ставовите околу ресо... „Разговараме за распределбата на политичките субјекти и граѓанскиот сектор од аспект на распределбата на ресорите. Ги приближуваме пополека ставовите....
Свечена академија на УКИМ по повод Денот на Кирил ... Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ вечерва, со свечена академија во Македонска опера и балет, го заокружи одбележувањето на 68-годишнината од основање...
(ВИДЕО) Касами по средбата со Заев: Интензивно пре... Лидерот на БЕСА, Билал Касами по средбата со лидерот на СДСМ, Зоран Заев рече дека интензивно преговараат за новата влада која ќе биде реформска. ...
Заев и Ахмети разговараа за распределбата на ресор... Новиот владин кабинет има потреба од одговорни и квалификувани кадри, заклучија денеска претседателите на СДСМ и на ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети, кои ...
ВИДЕО: Касами на средба со Заев... Лидерот на СДСМ, Зоран Заев во партиското седиште се сретна со лидерот на БЕСА, Билал Касами. Заев и Касами ќе зборуваат за составот на новата ...