Мекалистер: Влијание на Балканот сакаат Русија, Турција, Кина…

Мекалистер: Влијание на Балканот сакаат Русија, Турција, Кина…

Претседателот на Комитетот за надворешно-политички работи на Европскиот парламент, Дејвид Мекалистер предупреди дека Балканот е чувствително подрачје каде своето влијание истовремено сакаат да го остварат Русија, Турција, Кина, Саудиска Арабија и Катар.

– Балканот е мошне чувствително подрачје, каде во најкус рок може повторно да се активираат судири, изјави Мекалистер за германскиот весник „Ди Велт“.

Мекалистер, кој е член на Христијанско демократската унија (ЦДУ) на германската канцеларка Ангела Меркел, додаде дека Европската унија со сите свои сили се обидува да се спротивстави на тие влијанија.

Тој изјави дека Москва во Србија се обидува да влијае врз медиумите, некои политичари, како и врз цивилното општество.

– Русија во Србија поддржува една дестабилизирачка политика. Тоа дава причина за голема загриженост, рече Мекалистер.

Тој нагласи дека истовремено медумите во Србија имаат голем број приврзаници на руската политика, што според него, исто така е голем проблем.

– За ЕУ тоа може само да значи дека нашата приврзаност кон Србија мора да добие поголема поддршка во тамошната политика и цивилното општество и нашето влијание мора да биде видливо, рече Мекалистер.

Поврзани вести

Двајца војници повредени во експлозија во воена ба... Во експлозија во воена база во Албанија повредени се двајца војници, соопшти денеска албанското Министерство за одбрана. Експлозијата се случила си...
Коѕиас: Грција нема да се претвори во „складиште з... Грција ниту има можности, ниту расоплага со доволно финасиски ресурси за да прима бегалци, кои би биле вратени од земјите од Северна Европа, изјави гр...
Ранет сопственикот на српската телевизија „Хепи“... Преград Ранковиќ Пецони (55), сопственик на српската телевизија „Хепи“, е ранет синоќа во инцидент што се случил во хотелот „Прага“ во Белград. Нап...
Во опожарен камион кај Бургас откриени 28 илегални... Бугарската полиција во еден опожарен камион од типот „Сканија“ во близина на бугарско-турската граница во реонот на Бургас, откри 28 илегални мигранти...
Норвешкиот амбасадор во Турција повикан во турскот... Турското Министерство за надворешни работи го повика амбасадорот на Норвешка во Анкара, Вегард Елефсен за да му изрази протест поради одлуката на норв...
Карл Билт: Итно забрзување на евроинтегративниот п... Европските лидери имаат јасен избор на Балканот - или ќе се занимаваат со тамошните проблеми или балканските проблеми „ќе се занимаваат со нив“, истак...