Во Македонија вработени 723.550, а невработени 225.049 лица

Во Македонија вработени 723.550, а невработени 225.049 лица

Од 948.599 лица кои лани го сочинувале активното население во Македонија вработени се 723.550, а 225.049 се невработени, покажуваат денеска објавените податоци на Државниот завод за сттаистика.

Стапката на активност во минатата година изнесувала 56,5 проценти, стапката на вработеност 43,1, а стапката на невработеност 23,7.

Во 2015 година стапката на активност изнесуваше 57, стапката на вработеност 42,1, а стапката на невработеноист 26,1.

Во вкупното работоспособното население над 15 години според економската активност и полот, мажите учествуваат со 61,3 проценти, а жените со 38,7 проценти.

Од регистрираните 723.550 вработени, 555.894 се ангажирани во деловни субјекти во приватна сопственост, а 167.657 во фирми со друга сопственост, односно мешовита, задружна и државна.

Поврзани вести

Во Југохром продолжува изградбата на системот за о... Дел од раководството на комбинатот Југохром Алзар од Јегуновце заедно со претставници на синдикатот на вработените во фабриката присутвуваа на денешно...
Средба на компании од Прилеп и Кавадарци... Стопанствениците од регионалните стопански комори на Прилеп и Кавадарци, во кои се и компаниите од Крушево, Долнени, Кривогаштани, Неготино и Росоман,...
Во Крива Паланка промовирана брошура „Чекор по чек... Граѓанскиот центар за одржлив развој (ЕГРИ) од Крива Паланка денеска презентираше брошура насловена „Чекор по чекор до органско производство“ изработе...
ССК: Достапни финансии за развој на бизниси на жен... Жените претпримачи да ги искористат можностите за зголемување на продуктивноста, конкурентноста и квалитетот на фирмите со финансии преку тековната П...
Информативна сесија во рамки на проектот „Партнерс... Законската регулатива и правната усогласеност што ги засега малите и средните претпријатија се тема на информативните сесии што во рамки на проектот „...
Сардич МЦ: Рудникот „Казандол“ е еколошки безбеден... Од еколошки и безбедносен аспект по здравјето на луѓето, компанијата Сардич МЦ Дооел Скопје ги презеде сите мерки за почеток на производството на бака...