Што може бебето да почувствува во стомакот?

Што може бебето да почувствува во стомакот?

Научно е докажано дека бебињата уште во стомакот ја чувствуваат својата околина.

Кон крајот на првото тримесечие, односно во третиот месец од бременоста, се развива сетилото за слух. Уште тогаш можете на бебето да му пуштате смирувачка музика, која ќе го стимулира лачењето ендорфин и со тоа ќе го подобри расположението на бебето. Во петтиот месец ќе можете да ги почувствувате реакциите на бебето на одредени звуци, како и неговите движења, кога ќе го слушне гласот на таткото.

Силните звуци можат да го уплашат бебето, затоа зборувајте нежно, за бебето да се чувствува безбедно и смирено. Ако дојдете во ситуација да морате да реагирате гласно, не грижете се. Некои експерти тврдат дека за бебето е добро да ги преживее различните емоции на мајката уште додека е во стомакот и дека тоа ќе му помогне подоцна подобро да се адаптира. во животот.

Бебето во стомакот може и да гледа, но не јасни слики. При силна светлина тоа гледа портокалови и црвени сенки, како што гледате ако на сонце ги затворите очите. Во од четвртиот месец од бременоста бебето може да реагира на светло, така што ќе се сврти кон светлото или ќе се обиде да го избегне.

Бебето во стомакот ги чувствува вашите емоции. Потрудете се да бидете смирени, со цел и бебето да биде смирено. Размислувајте позитивно. Ова е ваше заедничко единствено време и никогаш нема да се повтори на тој начин. Пробајте да го вклучите и таткото, со цел бебето да го запознае неговиот глас.

Движете се полека. Вашите движења при една лесна прошетка, го успиваат бебето во стомакот. Кога ќе се роди бебето ќе го успиваат движењата, на кои е навикнато.

Поврзани вести

Оставањето на алкохолот без стручна помош може да ... Алкохоличарите кои се обидуваат да ја победат својата зависност без професионална медицинска помош, можат да се доведат до многу смртоносна состојба, ...
До 2050 година во светот ќе има 130 милиони луѓе б... До 2050 година повеќе од 130 милиони луѓе во светот ќе живеат со деменција. Еден од секои три случаи може да биде спречен ако луѓето во голема мерка с...
„Нутри зона на БИТ ФЕСТ“ Здружението за промовирање на здрава исхрана, „Нутри-зона-Битола“ вечер во Битола ќе ја промовира здравата исхрана и здравиот начин на живот кај широк...
Бучавата има негативно влијание врз плодноста кај ... Истражување на јужнокорејски научници сугерира дека изложеноста на бучава во текот на сонот има негативно влијание врз плодноста на мажите. Научни...
Одредено количество на кафе го продолжува животнио... Пиењето три филџани кафе дневно може позитивно да влијае на долговечноста, се тврди во британска студија изработена врз основа на истражување направен...
Менструалниот циклус не влијае на намалувањето на ... Долго се сметаше дека менструалниот циклус влијае на работата на мозокот кај жените, но едно ново истражување покажа дека хормоните во текот на менстр...