Десет интересни факти, кои не сте ги знаеле за Ирска

Десет интересни факти, кои не сте ги знаеле за Ирска

Ирска е европска држава, која поради своите неверојатни природни убавини, ја нарекуваат и уште смарагден остров.

Следуваат десет помалку познати факти за оваа величенствена земја:

1. Даблин се гордее со фактот дека има еден паб на секои сто жители. Најстариот ирски паб, „Шонов бар“ се наоѓа во градот Атлон, а се верува дека потекнува од 900 година.

2. Просечниот Ирец секоја година пие околу 95 литри пиво, а земјата се наоѓа на шестото место на најголеми конзументи на овој пијалак во Европа. Повеќе пива се пијат во Чешка, Германија, Австрија, Естонија и Полска.

3. Мај во просек е најсув месец во годината. Ова е мошне корисен податок ако планирате да ја посетите оваа преубава земја.

4. Ирците по заминувањето во пензија најчесто заминуваат на Канарските Острови.

5. Ирска има најмал број пријави на здогледување НЛО на небото од сите европски земји.

6. Белата куќа ја дизајнирал ирскиот архитект, Џејмс Хобан, кој од местото Калан во Килкенија емигрирал во САД по завршувањето на Американската војна за независност.

7. Ирска во 2002 година била првата земја во светот, која вовела данок на пластички кеси, кои можат да се набават во продавниците и супермаркетите.

8. Муканагедердаухаулиа е крајбрежно гратче во грофовијата Галвеј, кое ја носи титулата место со најдолго име во Ирска.

9. Дришин е национално ирско јадење. Станува збор за еден вид на кашесто јадење направено од свинско месо, кравја, свинска и овча крв, леб, зобени снегулки и маснотија.

10. Терминот бојкот доаѓа од ирскиот капетан Џејмс Бојкот. Прв пат официјално е употребен во статија во списанието Интер-оушн на 12 октомври 1880 година.

Поврзани вести

Зошто пасошите постојат само во четири бои?... Пасошите во целиот свет пристигнуваат во многу нијанси, но во само четири основни бои - сина, црвена, зелена и црна. Како што јави Бизнис инсајдер,...
Американците наскоро нема да можат без визи во Евр... Европскиот парламент донесе резолуција со која Европската унија советува воведување задолжителни визи за граѓаните на САД, кои ќе одлучат да ги посета...
До кое место на Земјата е најтешко да се стигне?... Во денешно време се верува дека може да се стигне било каде во светот со авион и такси и дека за релативно кратко време може да се оди до сосема други...
Гугл ве води директно во вулкански канал... Набљудувањето на активен вулкан за многумина е мошне возбудлива активност. Група туристи и научници ги ризикуваат животите пред неколку дена за да ја ...
Најнаселениот остров на светот... Мигинго, мало островче среде езерото Викторија во Кенија, се протега на помалку од четири илјади квадрати, е дом на повеќе од илјада луѓе. Токму тоа г...
Во Кина пронајдени мистериозни пирамиди... На едно градилиште во Кина се откриени мистериозни пирамиди, за кои археолозите претпоставуваат дека претставувале гробници. За разлика од градио...