Фина пита со јаболки

Фина пита со јаболки

Одличен вкус како старинска мрзлива пита …

Потребно е:
1 кг јаболки
цимет во прав
1 ванилин шеќер
шеќер, количината по желба

за тестото:
2 чаши (од 250 мл) брашно
2 чаши гриз
1 чаша шеќер
1 ванилин шеќер
1 прашок за пециво
прстофат сол

150 гр путер или маргарин
шеќер во прав, за посипување

Подготовка:
– Јаболките излупете ги и изрендајте ги на крупно ренде. Додадете ги шеќерот-по вкус (во зависност колку се кисели јаболките), ванилиниот шеќер и цимет по вкус.

– Во друг сад измешајте ги сите суви состојки: брашното, гризот, шеќерот, ванилиниот шеќер, солта и прашокот за пециво.

– Садот во кој ќе ја печете питата премачкајте го со путер и сипете од тестото. Над тестото сипете еден ред од јаболките. Постапката повторете ја додека ги потрошите сите состојки. На крај треба да завршите со тесто. На тестото ставете парчиња путер.

– Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 40 минути, односно додека да порумени.

– Печената пита оставете ја малку да се излади, исечете ја на парчиња, посипете со шеќер во прав и послужете.

Поврзани вести

Полнети лигњи Потребно е: 8 средно големи лигњи 2 главици кромид, ситно сецкани 2 домати 100 гр средина од леб 100 мл млеко или супа 6 чешниња лук, ситно сецк...
„Бургер Кинг“ ќе престане да купува месо од малтре... Синџирот на ресторани за брза храна „Бургер Кинг“ соопшти дека ќе престане да купува пилешко месо од фарми каде се малтретираат животните. Компаниј...
Вкусни суви колачиња со лешници и чоколадо... Вкусни, со богат вкус ... Потребно е: 400 гр брашно 250 гр растопен маргарин 100 мл масло 100 мл вода 3 лажици шеќер 1 ванилин шеќер 1 прашо...
Полнети лепчиња Потребно е: 750 гр бело брашно 20 гр свеж квасец 3 јајца 100 мл вода 200 гр кисело млеко 4 лажици масло 1 лажица сол 1 рамно лажиче шеќер з...
Денови на француската кујна со Оливер Бепмал во Ма... Богатиот француски вкус и гастрономија ќе бидат претставни од реномираниот готвач гостин Оливер Бепмал на Денови на француската кујна, што од 21. до 2...
Запечено пилешко со праз Едноставно јадење со пилешко, праз и кашкавал, готово за само 30 минути ... Потребно е: 4 парчиња пилешки гради 2 страка праз 1 лажица маслиново...