Запечено пилешко со праз

Запечено пилешко со праз

Едноставно јадење со пилешко, праз и кашкавал, готово за само 30 минути …

Потребно е:
4 парчиња пилешки гради
2 страка праз
1 лажица маслиново масло
25 гр путер
2 лажици брашно
300 мл млеко
100 гр изрендан топлив кашкавал (ајдамер, гауда …)
сол, бибер

Подготовка:
– Месото измијте го и исушете го. Потоа исечете го на коцки и пропржете го на масло околу 5 минути.

– Празот исчистете го, исечете го на тркалца и додадете го кај месото. Поклопете го садот и динстајте 10-тина минути со повремено мешање. Додадете сол и бибер по вкус.

– Направете го бешамел сосот. Во сад на рингла растопете го путерот, додадете го брашното и пропржете го со постојано мешање околу 1 минута. Сипете го млекото и варете со постојано мешање додека да се згусне. На крај додадете половина од изренданиот кашкавал, сол и бибер и мешајте додека да се растопи кашкавалот. Оставете да се излади.

– Тава за печење премачкајте ја со путер. На дното на тавата распоредете ја смесата со пилешко и праз. Прелијте со подготвениот бешамел сос и посипете со остатокот од кашкавалот.

– Ставете да се пече во загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 15 минути, додека да се растопи кашкавалот и да добие убава златно-кафена боја.

– Готовото јадење извадете го од рерна и оставете малку да се излади. Сервирајте го со салата или варен зеленчук.

Поврзани вести

Кремаст колач со чоколадо и лешници... За сите љубители на кремасти чоколадни колачи... Потребно е: за бисквитното тесто: 100 гр сецкани пржени лешници 7 белки 150 гр шеќер 100 мл м...
Лиснато тесто со праски Навистина брзо ќе ги подготвите ... Потребно е: 1 кора лиснато тесто 6 половинки праски (од компот) 6 лажичиња слатко од праски шеќер во прав ...
Предјадење со палачинки Богати и вкусни ... Потребно е: за палачинките: 1 чаша (од 200 мл) млеко 1 јајце 3 лажици брашно путер, за премачкување за филот: 1 главиц...
Пилешко бело месо во кисело млеко... Потребно е: 1 кг пилешко бело месо исечено како шницли 2 чаши кисело млеко 2-3 кисели краставички, исецкани на стапчиња брашно сол Подгот...
Млади компири со ќофтенца Одличен ручек со млади компири ... Потребно е: 1,5 кг млади компири (по мали) 1 кг мелено месо 3 главици кромид 5-6 чешниња лук 100 гр лебни т...
Совршен солен колач Потребно е: 300 гр салама, по желба 4 јајца 1 китка магдонос 6-7 лажици брашно 1 лажиче сода бикарбона 1 чаша (од 200 мл) кисело млеко 150 гр с...