Ролнички со ориз

Ролнички со ориз

Како да го искористите преостанатиот ориз …

Потребно е:
16 парчиња шунка
8 парчиња некој топлив кашкавал (Ајдамер, Гауда, Трапист, …)
16 лажици сварен ориз

Подготовка:
– Прво сварете го оризот во вода со малку масло и сол.

– На работна површина ставете едно парче шунка (четвороаголно), одозгора тенко парче кашкавал па повторно парче шунка.

– Сега на шунката ставете 2 лажици од сварениот ориз и замотајте ги како ролнички.

– Истата постапка повторете ја со останатите состојки.

– Ролничките наредете ги во тава со споените краеви од доле.

– Ставете ги да се печат во загреана рерна на 220 целзиусови степени додека шунката не стане крцкава , а кашкавалот да се растопи.

Поврзани вести

Пита со боровинки Вкусна виолетова пита ... Потребно е: за тестото: 100 гр шеќер 400 гр остро брашно 1 прашок за пециво 200 гр путер 2 жолчки прстофат сол из...
Запечено пире од компири со шампињони... Козјото сирење идеално одговара со пирето од компири и печурките ... Потребно е: 1 кг компири маслиново масло сол, мелен црн бибер 150 гр марин...
Палачинки од блитва Овие колоритни палачинки потполно ќе ве освојат со својот вкус ... Потребно е: 150 гр пченично бело брашно 2 јајца 250 мл млеко 1 лажиче прашо...
Светски ден на сладоледот Третата недела во јули традиционално се одбележува како Светски ден на сладоледот, прослава која што започнала пред 33 години во САД. Одбележувањет...
Слоевити вкусни коцки Овие шарени и неодоливи коцки се наша идеја за секое дружење ... Потребно е: 250 гр замрзнато лиснато тесто 150 гр шунка, исечена на тенки парчињ...
Пица што ги содржи омилените состојки на Британцит... Познатиот синџир пицерии „Пица Хат“ го „лансираше“ својот новитет наменет за нивните ресторани во Велика Британија - пици целосно прекриени со макарон...