Стопанска комора: Брзото менување на законите најголем проблем на бизнисот

Стопанска комора: Брзото менување на законите најголем проблем на бизнисот

Сивата економија и брзото менување на регулативите се уште се најголеми проблеми за микро, малите и средните претпријатија во Македонија.

Како што беше речено денеска на прес-конференција во Стопанската комора, за фирмите е посебно тешко да се прилагодат на законите за работни односи и за безбедност и заштита при работа, а не помали пречки им се и правата и обврските од законите за даночна и царинска политика, животна средина и урбанизам.

– За што подобро информирање на компаниите, но и за детектирање на нивните проблеми, почнуваме со т.н. инфо-сесии, вкупно 18, во десет градови низ Македонија. Стартот е задутре, 22 март, со првиот информативен настан во Велес. Клучни сектори што ќе бидат опфатени со анализите се земјоделството, текстилот, градежништвото, ИКТ и туризмот, истакна Јадранка Аризанковска, виш советник во Комората.

Инфо-сесиите се дел од проектот на УСАИД што го спроведува „Епицентар Интернационал“ – Скопје во партнерство со Стопанската комора на Македонија, Комората за информатичка и телекомуникациска технологија МАСИТ и Стопанската комора на Северозападна Македонија. Целна група се сите микро, старт-ап, мали и средни претпријатија, но не е исклучена можноста и за присуство на претставници од големите компании.

– Целта е двојна, подобра усогласеност на бизнисот со законската регулатива преку информирање и детектирање на промените кои фирмите би сакале да ги видат во соодветните регулативи, нагласи директорот на „Епицентар Интернационал“ – Скопје Љупчо Димовски.

Информативните настани ќе се одржуваат до 7 јуни годинава, во Велес, Куманово, Тетово, Кавадарци, Битола, Струга, Охрид, Струмица, Штип и Скопје.

Поврзани вести

СДСМ: Владата транспарентно го објавува и го враќа... „ВМРО-ДПМНЕ, партијата која како власт 11 години тајно и расипнички ги презадолжуваше државата и граѓаните за да се остварат нечии криминални интерес...
ВМРО-ДПМНЕ: Во министерството за финансии владее х... „Министерот Тевдовски, владата на СДС и Зоран Заев од ден во ден тонат во своите лаги. Сакајќи да ја оправдаат својата лага на Заев дека владата н...
СДСМ: Владата ги намалува долговите што ги создаде... „Преку расипничкото и криминално владеење, ВМРО-ДПМНЕ го направи најголемото задолжување кога парите на граѓаните ги трошеше за лажен барок, споменици...
СДСМ: Ребалансот на Буџетот обезбедува повисоки пл... „Ребалансот на Буџетот и кратењето на непродуктивните трошоци за реклами и репрезентации се првите чекори кон остварување на економските мерки кои обе...
Средба на министерот Шапуриќ со Комората на овласт... Министерот без ресор Зоран Шапуриќ оствари средба со претставници на Комората на овластени архитекти и овластени инженери. Средбата, како што денес...
ВМРО-ДПМНЕ: Зошто државата се задолжува со толкава... „СДС бесрамно продолжува да ги задолжува граѓаните на Република Македонија. СДС за помалку од два месеци успеа државата да ја задолжи за околу 70-...