Умерен земјотрес го погоди Чанаккале

Умерен земјотрес го погоди Чанаккале

Земјотрес со интензитет од 4,3 степени според Рихтерова скала го погоди денеска округот Чанаккале, во западниот дел на Турција.

Епицентарот на потресот се наоѓал во реонот на градот Ајваџак.

Според Дирекцијата за управување со кризи и вонредни ситуации, земјотресот е регистриран во 10 часот по локално време на длабочина од 5,6 километри под површината на земјата. Веднаш потоа следеле и други 11 потреси со интензитет меѓу 3,2 и 3,5 степени.

Минатиот месец реонот на Чанаккале бeшe погоден од серија потреси, некои со интензитет и на пет степени, кои сеизмолозите ги опишаа како „земјотресна бура“.

Поврзани вести

Што пишува во Декларацијата за заедничкиот јазик н... Јутарњи лист - Загреб Во Сараево денеска ќе биде претставена Декларацијата за заедничкиот јазик, документ кој, како што можеше да се очекува, ги во...
Боздаг: Приведувањето на турскиот банкар Мехмет Ха... Приведувањето на турскиот банкар Мехмет Хакан Атила, заменик генерален менаџер на турската „Халкбанка“, заради повеќегодишно кршење на американските с...
Најголем дел од хрватските хеликоптери се приземје... Најголем дел од хрватските воени хеликоптери се приземјени, поради дотраеност на нивните ресурси, а за сега не е јасно кој ќе изврши ремонт на леталат...
Во Грција апсења во врска со издавање дозволи за п... Полицијата на Атика спроведува масовна операција против криминална банда која издава дозволи за престој и за работа на жени од источна Европа преку ла...
Ји: Косовската Влада да го повлече предлог-законот... Заменикот-помошник американски државен секретар Хојт Брајан Ји ги повика во Приштина косовските претставници да ја прекинат иницијативата за трансформ...
Во Србија на полноќ почнува предизборен молк... Претседателските кандидати во Србија денеска ја завршуваат нивната кампања бидејќи на полноќ почнува предизборен молк. На претседателските избори в...