Македонија У-21 ги почна подготовките за дуелот со Црна Гора

Македонија У-21 ги почна подготовките за дуелот со Црна Гора

Новата генерација македонски фудбалери до 21 година ги започна подготовките за првиот контролен натпревар против Црна Гора закажан за 24 март во 14:00 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.

Селекторот на македонска репрезентација, Благоја Милевски, паралелно работи на два проекти. Од една страна подготвува нова генерација за пласман на Европското првенство во Италија за две години и се подготвува за историско учество на континенталните собири во Полска, во јуни годинава.

На 28 март селекцијата на Милевски која обезбеди место на континенталниот шампионат ќе одигра контролен натпревар против Бугарија.

– Во текот на вчерашниот ден го одработивме првиот тренинг, Енур Тотре се жалеше на мала повреда по првенствениот натпревар со Брегалница, но се надевам дека ќе биде во ред и ќе конкурира за настап против Црна Гора. Доцна синоќа пристигнаа Алекса Амановиќ и Алекс Симовски, а тоа значи дека во полн состав ќе тренираме денеска. Повторно нагласувам дека ова е последна проверка за новите фудбалери во тимот, или оние кои не беа во можност да бидат дел од селективните кампови, да го потврдат својот квалитет и на сите да ни потврдат дека имаат потенцијал за место во репрезентацијата во идниот квалификациски циклус, изјави селекторот Благоја Милевски.

Поврзани вести

Аеродромот во Мадеира официјално именуван во „Крис... Аеродромот во Мадеира од денеска го носи името на прославениот фудбалер на Реал Мадрид и португалски репрезентативец Кристијано Роналдо. Ѕвездата н...
Пораз на европскиот првак Португалија, победи за И... Актуелниот европски фудбалски шампион Португалија синоќа е поразена од Шведска со 3:2 во пријателски натпревар одигран во Мадеира. Домаќините иако вод...
Десетти триумф на Бразил во квалификациите за СП 2... На јужноамериканскиот континент ноќеска беше комплетирано 14.коло од квалификациите за Светското првенство 2018. Јубилејна десетта победа оствари Браз...
Ангеловски: Остануваме цврсто на земја и се трудим... По триумфот над Белорусија остварен вчеравечер во Скопје со 3:0 селекторот на Македонија Игор Ангеловски не го криеше задоволството на прес-конференци...
Аргентинските фудбалери против Боливија ќе користа... Аргентина гостува во Ла Паз каде што ќе игра квалификациски натпревар за Светското Првенство во 2018 година против Боливија. Ла Паз се наоѓа на 3.6...
Убедлива победа на македонските фудбалери против Б... Фудбалската репрезентација на Македонија ја оствари и втората победа во низа. По триумфот на гостувањето во Лихтенштајн во Мундијалските квалифик...