Си-Ен-Ен Турк: Можни се тензии во односите Софија-Анкара

Си-Ен-Ен Турк: Можни се тензии во односите Софија-Анкара

Бугарските власти минатата недела од земјата го протерале генералниот секретар на градската урава на Едрене, Ибрахим Таранџ, објави денеска турската телевизија Си-Ен-Ен Турк, нагласувајќи дека ваквата одлука би можела „да ја налути Турција“.

Телевизијата наведува дека Таранџ и уште двајца други турски државјани биле протерани од Бугарија и дека им е воведена забрана за влез во земјата.

Си-Ен-Ен Турк пренесува ијзава на бугарскиот јавен обвинител Сотир Цацаров, кој тврди дека случајот со тројцата Турци не е поврзан со некаква предизборна активност или политички собир, туку дека станува збор за прашање поврзано со „националната безбедност на Бугарија“.

Засега нема официјална реакција на турските власти на одлуката за протерување на тројцата Турци од Бугарија.

Поврзани вести

Два умерени земјотреси регистирани на островот Кос... По силниот земјотрес во петокот, при што загинаа две лица, грчкиот остров Кос синоќа во рок од неколку минути, беше погоден од два умерени земјотреси....
Во Турција се приведуваат граѓани кои носат маици ... Турската полиција во текот на минатата недела притвори најмалку 15 лица поради тоа што носеле маици со апликација „Херој“, за што властите претпоставу...
Прашањето за името една од главните теми во разгов... Турција, Кипар и спорот за името на Македонија биле клучните прашања за кои вчера во Атина разговарала високата претставничка на Европската унија за ...
Ерјавец: Хрватска не заслужува да влезе во Шенген ... Словенечкиот шеф на дипломатијата, Карл Ерјавец, испрати писмо до Европската комисија во кое наведува дека Хрватска не заслужува влез во Шенгенскиот п...
Тачи: Партиите што побрзо да изнајдат формула за ф... Косовскиот претседател, Хашим Тачи, за „Гласот на Америка“ изјави дека за доброто на земјата политичките партии треба да изнајдат формула за деблокира...
Француски полицајци ќе вршат контроли на албанскит... Француски полицајци на почетокот на септември ќе прстигнат во Албанија како помош на нивните албански колеги, во контрола на граничните премини со цел...