Против универзалниот приход

Против универзалниот приход

Сошл Јуроп – Лондон

Овој концепт е спротивен на идејата за солидарност со загрозените членови на општеството. Средната класа која би ја финансирала, оваа „безусловна” дистрибуција не ја препознава како социјална правда. Идејата за безусловна исплата на универзалниот основен приход е се попопуларна меѓу економистите, менаџерите, активистите и претприемачите како алтернатива на традицоналните социјални политики. Наместо пружање социјална помош во вонредни состојби, на невработените и старите, германската држава на сите возрасни луѓе ќе исплаќа ист паушален износ, околу 1.000 до 1.200 евра месечно. Така би се укинале постоечките мерки за социјална заштита, како што е програмата Hartz IV (германска програма за помош на невработените), а веројатно повеќе нема да има ни старосни пензии и осигурувања во случај на невработеност.

Универзалниот основен приход на секого му пружа можност да одлучи дали сака да се вработи, да волонтира, или да не работи ништо. Политичарите така би се ослободиле од грижата за стапката на невработеноста. Компаниите би добиле елегантен начин да ги оправдаат отказите. Работните места кои исчезнуваат под притисок на технолошките промени или глобализацијата, повеќе не би биле проблем, бидејќи отпуштените работници финансиски ќе бидат згрижени и можат да се посветат на грижа на децата или некое хоби.

Сепак, универзалниот основен приход е ќорсокак. Најчесто користен противаргумент е секако проблемот со финансирањето. Трошоците не се квантификувани, но нема сомнеж дека ќе бидат високи. Се уште е неизвесно како би требало да се даночат вкупните приходи и богатството за да се обезбедат потребните средства. Радикалната трансформација на системот на социјалната заштита со воведувањето на универзалниот основен приход би била финансиски ризик без преседан.

Но, финансискиот аспект од тоа прашање дури и не е најважен аргумент против основниот приход. Тоа е заводлив и сладок отров кој на луѓето на маргините на општеството им донесува корист на сметка на средната класа. Основниот приход го укинува притисокот и ја намалува мотивацијата за активно барање работа меѓу сиромашните и долготрајно невработените. Богатите тоа веројатно нема да ги чини повеќе од стариот систем, а сигурно ќе им помогне да ја смират социјалната совест. Во тој случај, понатамошниот раст на социјалната нееднаквост повеќе не би бил скандалозен, бидејќи секој би имал основен приход, макар и на граница на сиромаштијата. Токму тука се кристализираат три клучни аргументи против безусловниот основен приход.

Прво, основниот приход ги продлабочува поделбите во општеството и ја намалува општествената мобилност. Тие кои благодарение на потеклото и статусот имаат шанси да дојдат до добри работни места и високи приходи, би ја зачувале стечената работна етика и би продолжиле да се залагаат во училиште и на работа. Тоа е добро. Меѓутоа, за младите луѓе од тие сегменти на општеството кои веќе се скратени во областа на образованието, за тие кои доаѓаат од работничките и мигрантските семејства, животот би бил потежок.

Слаткиот отров на основниот приход ќе ги следи на секој чекор преку училиштето и обуката за работа. Кога ќе ги прашаат што би сакале да работат, децата од делови на Берлин во кои живеат голем број работнички и мигрантски семејства, како што е Нојкелн, одговараат дека планираат да живеат од социјална помош. Во иднина ќе одговараат: „Ќе живеам од основен приход”.

Со растот на основниот приход ќе се зголемува и нивниот број. Веќе разнишаната мотивација на таа група да инвестира во себе и да го подобри својот живот со работа, ќе се најде пред нови искушенија. А остатокот од општеството многу помалку ќе се грижи поради таквите трендови отколку денес, бидејќи сите луѓе се згрижени.

Второ, на концептот за безусловен основен приход му недостасува социјален легитимитет. Моментално не е можно да се замисли модел кој на сите делови на оштеството ќе донесе еднаква корист. Затоа основниот доход најверојатно би подразбирал редистрибуција од центарот на општеството кон невработените или само на делумно вработените. Опфатниот систем за социјална заштита кој ја надминува задачата за намалување на сиромаштијата се легитимизира со прифаќање на концептот на социјалната правда. Како би било поинаку? Нормите за социјалната правда ја вклучуваат и идејата дека сите треба да добијат еднаква шанса за успех на пазарот на трудот. Така на пример, се оправдува инвестирањето на државата во образованието или даночењето на наследството. Или социјалната заштита која придонесува за невработените или пензиското осигурување се врзува за социјалните трансфери.

Идејата за безусловен основен приход се потпира токму на граѓаните на остварување на приход, но не дава одговор на прашањето зошто треба да се исплатува и на тие на кои не им е потребен. Концептот за основен приход всушност е спротивен на идејата за солидарност со загрозените членови на општеството. Средната класа, која ќе го финансира основниот приход, но од него нема да има материјална корист, таква „безусловна” редистрибуција веројатно нема да ја препознае како социјална правда. Затоа програмите за редистрибуција се непопуларни кај гласачите, дури и тие кои од тоа би имале корист.

Затоа швајцарските граѓани на ланскиот референдум со големо мнозинство го отфрлија предлогот за воведување на универзален приход.

Трето, безусловниот основен приход се коси со потребите на општеството во услови на зголемена миграција. На големиот број на странски работници и други доселеници потребни им се повеќе, а не помалку механизми кои придонесуваат за интеграција во општеството.

Искуството од секојдневниот живот е многу важно: луѓето на работа сретнуваат други луѓе, така се запознаваат и учат да се почитуваат меѓусебно, така го учат и јазикот. Имајќи го тоа предвид, би била голема грешка да се даде на луѓето добар повод да се откажат од работа, стекнување знаења и да останат во своите четири ѕида. Во секој случај, потребна ни е расправа за добро општество кое нема да се ограничува само на проблемот на вработеноста. Потребно е многу труд да се подобри општеството со мерки кои нема да се остваруваат само преку пазарот на трудот. Таа идеја се уште не е пошироко прифатена. Но безусловниот основен приход сигурно не е вистински пат за нејзино остварување.

Поврзани вести

Мисалјовски на средби со Туркиш ерлајнс и ТАВ за а... Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски кој претстојува во работна посета во Турција, денеска во Истанбул имал средби со Билал Екси, генерал...
Истекува рокот за доставување податоци од фирмите ... До 31 март правните лица регистрирани за трговија и преработка на земјоделски производи треба да ги достават податоците за планираниот откуп оваа годи...
МФ: Демантираме дека долгот на државата надминал 5... „Министерството за финансии ја демантира информацијата која ја пренесуваат некои од медиумите од една интернет страница дека долгот на државата надмин...
Избор на Топ 10 најуспешни жени менаџерки по 21-ви... Агенцијата Марили денеска го организира 21-от избор на Топ најуспешни жени менаџерки за 2016 година. Топ 10-те жени менаџерки се: Сузана Блажевска,...
Бизнис Конфедерацијата на Македонија одбележува 15... Бизнис Конфедерацијата на Македонија денеска ќе одбележи 15 години постоење. Во рамки на свеченото одбележување на 15-годишнината од постоењето на ...
Европската комисија го блокира интегрирањето на ге... Европската комисија го блокираше по трет пат, интегрирањето на двете најголеми европски берзи - „Лондон сток иксчеинџ“ и на „Дојче Бурз“ - во една фир...