Водич за преживување на алергии

Водич за преживување на алергии

Многу луѓе страдаат од некој облик на алергија. Постојат разни лекови кои можат да ги намалат симптомите, но има и луѓе на кои лековите едноставно не им помагаат.

Во тие ситуации треба да се следат овие практични совети кои ќе помогнат да се намалат симптомите како кивање, кашлање и други.
Еве кои се тие совети:

1. Пресоблечете се

Прва работа која треба да ја направите кога ќе влезете дома е да се пресоблечете. Соблечета ја облеката пто сте ја носеле надвор цел ден и на која сигурно се собрал полен.

2. Истуширајте се

Со туширање и миење на косата секако ќе го отстраните поленот кој се собрал во текот на денот.

3. Користете марамчиња и физиолошки раствор

Само туширање можеби нема да биде доволно. Користете физиолошки раствор за да ги измиете очите и носот пред спиење. Ставете на марамче малку физиолошки раствор и истријте ги очите и носот.

4. Уред за прочистување на воздухот

Ваков уред може да го намали количеството на алергенси кои се наоѓаат во вашата куќа.

5. Одржувајте ја хидратацијата

Водете сметка да пиете доволно течности за да ја одржите хидратацијата во текот на сезоната на алергии. Истражувањата покажале дека кога сте дехидрирани, вашето тело произведува поголемо количество на хистамин, што поттикнува алергии.

6. Витамини и суплементи

Постојат повеќе докази за тоа дека витамините и минералите можат да имаат влијание на алергиите. Витаминот Д и Омега 3 во рибното масло можат да бидат од голема помош.

7. Искапете го вашето куче

Најдобриот пријател на човекот воедно може да биде негов најголем непријател, бидејќи го разнесува поленот по целата куќа.

8. Користете вазелин

Околу носот можете да намачкате тенок слој на вазелин за да се одбие поленот и на тој начин да се спречат иритациите.

Поврзани вести

Седум намирници кои го јакнат здравјето на секој о... Здравите оброци се полни со хранливи материи, кои имаат широк спектар на дејство врз здравјето во целина. - Житарки Идеални се за појадок, најд...
Редовното решавање на енигматика влијае на помнење... Едно истражување покажа дека редовното решавање на крстозбори, судоку и други загатки поволно влијае на способноста за помнење. Важно е постојано ...
Турски универзитет нуди бесплатна храна за студент... Универзитетот во турскиот град Амасја им вети бесплатна храна во текот на целата година на оние студенти, кои ќе се откажат од пушењето цигари, јави а...
Мразот ги ублажува подочниците... Доколку често имате проблем со потемнети подочници или отечени капаци на очите обидете се да го решите проблемот со мраз. Едноставно ставете некол...
Фалбите со спортски активности на Фејсбук укажуваа... Луѓето кои ентузијастички пишуваат на социјалните мрежи за своите спортски активности, губењето на вишокот килограми и џогирањето пред зори, највероја...
Лицата кои пушат канабис имаат за четири пати пого... Лицата кои пушат канабис имаат голема шанса да доживеат срцев удар, покажа најновата студија на научници од САД. Тие утврдиле дека лицата кои конз...