ФОТО: BMW подготви многу необична Magny-Cours едиција

ФОТО: BMW подготви многу необична Magny-Cours едиција

Германската компанија BMW наскоро ќе почне да прима нарачки за автомобилот M4 Magny-Cours со кој секој купувач ќе добие и мотоцикл и рачен часовник.

На овој необичен начин компанијата одлучи да го одбележи своето повеќегодишно присуство на француската патека Circuit de Nevers Magny-Cours, па на купувачите во тоа име ќе понудат посебна едиција на моделот M4 Coupe, кое е наречено Magny-Cours.

Суштината на едицијата е моделот Coupe М4 Competition, чија каросерија е украсена со бои на M одделот, а дел од пакетот на е карбонски заден спојлер, карбонскиот преден насочувач на воздухот и посебни 20-инчни ултра лесни алуминиумски бандажи, за кои има адаптивни раткапни.

Трилитарскиот шестцилиндричен битурбо мотор располага со 450 коњски сили, а преносот на моќноста на задната осовина се врши преку рачен шестстепен или опциски седумстепен автоматски менувач со две квачила. Покрај соодветните гуми и оптималната аеродинамика, секако ќе помогне и посебниот М диференцијал.

За BMW M4 Magny-Cours треба да се издвојат 180.000 евра, а купувачот покрај автомобилот ќе добие и супер спортски мотоцикл BMW 1000 RP со 200 коњски сили во боите на M моделот и соодветно обоен рачен часовник на францускиот производител BRM.

Поврзани вести

Новиот „Сузуки Сфифт Спорт“ пристигнува на саемот ... Компанијата „Сузуки“ спортската верзија на новиот „Сфифт“ ќе ја претстави на 12 септември, на авто-салонот во Франкфурт. Јапонскиот производител, к...
„Тесла“ создава простор за „Модел 3“, ги укинува н... Компанијата „Тесла Моторс“ одлучи да се откаже од најевтината верзија „Модел С“, па ќе направи по уште некоја испорака на верзијата 75, што погон има ...
Уникатниот „Ламборџини Концепт С“ оди на аукција... Уникатниот модел „Ламборџини Концепт С“ ќе биде продаден на аукција во август во Калифорнија. Кога еден „Ламборџини“ ќе се најде на аукција, тоа пр...
„Мерцедес“ ја претставни новата робусна „Х“ класа... Компанијата „Мерцедес“ на светот му ја претстави новата класа и етикетата „Х“, зад која се крие нивната визија на пик-ап возила. Германците одлучиј...
Повторно дизелот… Дајмлер повлекува три мили... Германскиот производител на автомобили Дајмлер соопшти дека доброволно ќе повлече три милиони дизел „мерцедеси” во Европа, за да ги подобри перформанс...
„Нисан Леаф“ ги укинува сопирачките, се ќе биде на... Компанијата „Нисан“ на почетокот на септември ќе ја претстави новата верзија на своето електрично возило „Леаф“, а со него ќе стигне и потегот што мож...