Хан: Иднината на Балканот е во ЕУ

Хан: Иднината на Балканот е во ЕУ

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан оцени дека ситуацијата во земјите од Западен Балкан и натаму е кревка и трајно решение е можно само во меѓународните рамки, односно внатре во ЕУ.

– Ние не се фокусираме на датумите за членство. Зборуваме за пристапниот процес, а со која брзина напредуваат земјите зависи само од нив, истакна Хан во интервју за виенскиот весник „Курир“.

Што се однесува до отпорот за натамошен прием на земјите во ЕУ, тој нагласува дека мнозинството граѓани на земјите членки се воздржани, поради што е важно тие луѓе да се убедат дека новата членка не претставува товар или проблем, туку добивка.

Државите кои сакаат да станат членки, според него, мора да исполнат предуслови, правниот систем мора да функционира, треба да бидат многу поатрактивни за инвестиции. Економиите на државите мораат, при идните приеми, да бидат клучен фактор.

– Поради тоа предложивме заеднички пазар за регионот на Западен Балкан, со слободен проток на стока и услуги, заеднички признавања на сертификати. Тоа би можело релативно лесно да се спроведе, без да се менуваат договори, и би претставувало прв чекор кон европскиот заеднички пазар. Би можело да се случат до 80.000 укинувања на формални препреки, смета еврокомесарот.

Хан го констатирал и руското влијание во регионот, посебно кога станува збор за геостратешки развој.

Поврзани вести

Регионалната платформа за слобода на медиуми го ос... Регионалната платформа на Западен Балкан за застапување на слободата на медиумите и за заштита на новинарите, која претставува повеќе од 7.800 членови...
Почина поранешниот косовски премиер Бајрам Реџепи... Поранешниот косовски премиер Бајрам Реџепи, почина рано изутринава во Истанбул, јавија приштинските медиуми. Реџепи, пред неколку месеци доживеа мо...
Шешељ: Се е наше, нема што да делиме со Албанците ... Лидерот на Српската радикална партија (СРС), Воислав Шешељ, на прашање од весникот „Вечерње новости" за тоа што мисли за идејата за поделба на српско...
Пожарите во Хрватска ги загрозуваат населените мес... Во текот на минатата ноќ во Далмација, во реонот на Бенковац, избиле 15 пожари, за кои постои сомнеж дека се подметнати. Активни се уште три пожари...
Рекордно жежок јули во Грција... Минатиот месец бил најжешкиот јули од 1880 година, соопштија грчките власти, потсетувајќи дека и според податоци на НАСА јули бил еден од најжешките м...
Во Валона запленети 700 килограми марихуана... Полицијата од албанскиот приморски град Валона спречи обид за шверц на 700 килограми дрога, која требало за биде транспортирана за Италија. Дрогата...