ФСП: Груевски да си даде неотповиклива оставка од функцијата Претседател на ВМРО ДПМНЕ

ФСП: Груевски да си даде неотповиклива оставка од функцијата Претседател на ВМРО ДПМНЕ

„Форумот на слободоумни патриоти најжестоко реагира на синоќешниот обид на лажниот патриот Никола Груевски да се скрие зад партијата и зад народот. Сакаме јавно да го прашаме лажниот патриот Груевски каде беше да мисли на народот, кога:

• Илјадници млади луѓе се иселуваа од Македонија додека тој за џабалак купуваше плацеви на Водно!

• Во континуитет беа казнувани граѓаните од разни разни инспекци!

• Се собираа пари за да се лекуваат стотици деца и млади луѓе, додека тој градеше непотребни и нефункционални објекти како панорамското тркало!

• Жестоко се пресметуваше тој и неговите полтрони со политичките неистомисленици!

• Се дозволија 30000 рамковни вработувања, луѓето седат дома и земаат плата без ништо да работат, а сето тоа го плаќа народот!

• Се амнестираа Хашките случаи, злосторства против Македонци од 2001 година!

• Се вршеше жесток притисок врз докторите и просветните работници кои си ги бараа своите права!
итн. списокот на злосторства против својот народ е долг!

Ги повикуваме Никола Груевски да си даде неотповиклива оставка од функцијата Претседател на ВМРО ДПМНЕ и да дозволи низ еден демократски процес да се избере ново раководство, раководство кое ќе нема никаква допирна точка со него и врхушката и нема да има хипотеки од злосторствата кои тие ги правеле.

За крај сакаме да му укажеме на Никола Груевски дека приказната после него потоп е смешна и не вродува со плод, Македонија и Македонскиот народ поминале низ многу премрежја и на крај секогаш успевале да се изборат за своите права и слободи!“, се вели во соопштението на ФСП.

Поврзани вести

Водостоите на реките под просекот за јули... Водостоите на реките во Македонија се под просекот за јули, покажува хидролошката состојба. Според УХМР, минимално зголемување е измерено на Пчиња ...
Прибе на средба во ААВМУ за Итните реформски приор... Во рамки на спроведувањето на Итните реформски приоритети од Извештајот со препораки од 2015 година, експертски тим, предводен од Рајнхард Прибе, вчер...
Летен камп на Црвен крст во виничкото село Лаки... Во организација на Црвениот крст на општина Виница од денеска па во наредните три дена ќе се реализира летен камп, во рамки на програмата за промоција...
Во Македонска Каменица од продажба на државно земј... Општина Македонска Каменица од продажба на државно градежно земјиште инкасирала 73.000 евра од продажба на осум парцели. Градоначалникот Дарко Мите...
Бубевски: Притвор за Груевски, само така ќе се обе... Бараме притвор за Груевски, само така ќе се обезбеди негово присуство. На обвинетиот не можеше да му се достави ниту една покана, примил само една на ...
ВИДЕО: Груевски пристигна 30 минути порано во Апел... Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски се појави половина час порано во Апелациониот суд каде ќе ги разгледува жалбите за мерките за претпазливост изр...