МЗШВ: Исплатата на субвенците ќе продолжи деновиве

МЗШВ: Исплатата на субвенците ќе продолжи деновиве

Исплатата на субвенциите се очекува да продолжи оваа недела, откако денеска новоназначениот директор на Платежната агенција Игор Златков и официјално ќе стапи на функцијата.

Според Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), Антикорупциската комисија веќе даде позитивно мислење за реализација на финансиската поддршка, средствата се обезбедени, преостанува уште Златков да го депонира потписот во Централен регистар.

И производителите потврдија дека добиле ваква информација од МЗШВ поради што, велат, средбата што требаше да се одржи денеска со ресорниот министер Михаил Цветков, е одложена.

– По завршување на процедурите за депонирање на потписот на новиот директор на Платежната агенција во Централен регистар, очекуваме деновие да почне исплатата на субвенциите, информираат од МЗШВ.

Земјоделците чекаат Златков официјално да стапи на позицијата директор, како што им е соопштено, и до крајот на неделава да почне исплатата на субвенциите. – Во петокот Министерството ни соопшти дека денеска треба да се депонира потписот на новиот директор на Платежната агенција, а тоа значи дека наредните денови ќе почне исплатата на субвенциите, изјави претседателот на Федерацијата на фармери Никола Стаменов.

Исплатата на субвенциите беше стопирана по последните парламентарни избори поради различното толкување на Изборниот законик. За надминување на проблемот, МЗШВ изготви предлог-измени, но на владината седница на која тие се разгледуваа, беше заклучено Антикорупциската комисија да се произнесе околу можноста за реализација на поддршката откако ќе ги согледа сите законски решенија кои го регулираат овој процес.

Субвенциите за 2016 година треба да се исплатат најдоцна до 30 јуни годинава, а за финансиска поддршка на земјоделството во 2017 година се обезбедени 100 милиони евра.

Поврзани вести

Мисалјовски на средби со Туркиш ерлајнс и ТАВ за а... Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски кој претстојува во работна посета во Турција, денеска во Истанбул имал средби со Билал Екси, генерал...
Истекува рокот за доставување податоци од фирмите ... До 31 март правните лица регистрирани за трговија и преработка на земјоделски производи треба да ги достават податоците за планираниот откуп оваа годи...
МФ: Демантираме дека долгот на државата надминал 5... „Министерството за финансии ја демантира информацијата која ја пренесуваат некои од медиумите од една интернет страница дека долгот на државата надмин...
Избор на Топ 10 најуспешни жени менаџерки по 21-ви... Агенцијата Марили денеска го организира 21-от избор на Топ најуспешни жени менаџерки за 2016 година. Топ 10-те жени менаџерки се: Сузана Блажевска,...
Бизнис Конфедерацијата на Македонија одбележува 15... Бизнис Конфедерацијата на Македонија денеска ќе одбележи 15 години постоење. Во рамки на свеченото одбележување на 15-годишнината од постоењето на ...
Европската комисија го блокира интегрирањето на ге... Европската комисија го блокираше по трет пат, интегрирањето на двете најголеми европски берзи - „Лондон сток иксчеинџ“ и на „Дојче Бурз“ - во една фир...